Изглед според хороскопот: Стрелецот е најзгоден, Лавот најдотеран
Вага
Вагите имаат многу пријатно лице со овален облик. Често се повисоки од просекот, а како појава делуваат многу софистицирано. Обично имаат многу впечатлива боја на очи. Долниот дел на телото им е посилен од горниот, затоа градите и струкот им се потесни од остатокот на телото. Вагите обожаваат да се дотеруваат и да го негуваат својот изглед.
Скорпија
Дури и кога се слаби Скорпиите имаат прилично силна телесна конституција. Имаат пошироки рамена, впечатливо лице со сензуални усни и продорни очи, но и неправилен нос. Припадниците на овој знак имаат смеѓа и густа коса. Скорпиите сакаат да се средуваат, но не сакаат да изгледаат премногу нападно.
Стрелец
Ова е најзгодниот знак во цел Зодијак. Имаат просечна висина, спортска градба, но таа природна дарба може лесно да се расипе со прекумерното уживање во храната. Има малку подолгнавесто лице и заоблено чело и изразени светли очи. Сакаат да се облекуваат спортски и едноставно.
Јарец
Делуваат невпечатливо, но се истакнуваат по тоа што се прилично ковчести. Имаат елегантен и долг врат, како и ковчести рамени. Најчесто се ниски или со средна висина, а очите им се крупни и впечатливи. Имаат вовлечена брада, впечатливи заби и убава насмевка. Јарците сакаат убава облека, но не сакаат да се облекуваат вулгарно.
Водолија
Обично се со средна висина или ниски. Имаат полно лице и светол тен. Кога се здебелуваат често добиваат подбрадок, а по триесеттата може да имаат проблем со тежината. Обично имаат мали дланки и стапала, но убави нозе. Очите им се убави и топли, а усните крупни. Припадниците на овој знак не придаваат големо значење на облеката.
Риби
Ги краси убавиот тен, меката кожа и убавите црти на лицето, кои најчесто се со округол или овален облик. Имаат цврста и густа коса, додека очите им се најубави на лицето. Горниот дел на телото им е обично потенок од долниот кој е заоблен и широк.