Римски љубовен хороскоп: Кој знак е вашата сродна душа?
Вага
Важите за еден од најшармантните знаци во Зодијакот заради што спротивниот пол буквално се лепи за вас. Ако сте жена, една недостижна Водолија или духовит Близнак ќе ви го привлече вниманието. Ако сте маж, лесно ќе се заинтересирате за некој Стрелец или Лав.
Самата суштина на постоење на Вагите е љубовта, па припадниците на овој знак сами треба да создаваат прилики како би ги активирале емоциите. Никогаш нема да погрешите ако вие го направите првиот чекор.
Скорпија
Заради вашата харизматичност и таинственост, никогаш не можете да останете незабележани. Вашиот сексапил просто ќе зрачи, па токму затоа лесно ќе влезете во врска со пречувствителен Рак или еротична Риба, ако сте маж. На дамите Скорпии може да им се допадне срамежлива Девица или воздржан Јарец.
Ќе имате многу можности пријателствата да ги претворите во љубов, но тоа може да биде непромислена одлука. Исто така, запознавањата преку пријатели повторно се во „мода,“ па ништо чудно токму некој познаник на вашиот пријател да ги исполни вашите љубовни очекувања.
Стрелец
Спонтани сте и природни, весели и опуштени, вистински магнет за некој прекрасен Лав или откачена Водолија, која ретко кога може да му одолее на вашиот шарм. Ако сте маж роден во знакот на Стрелец, може да ви се допадне некој страствен Овен или тактична Вага.
Ако сте сами, мали се шансите да влезете во врска во скоро време, а ако тоа сепак се случи разликата во годините ќе биде голема, исто како и културата и начинот на живот помеѓу вас и партнерот. Таквата врска од вас ќе бара многу жртвување, компромиси и прекини, па повторно впуштање во кратки авантури кои ќе ви го освежат секојдневието. Многу ретко ваквите партнерства може да прераснат во долгорочни, без да ве ограничуваат или уценуваат.
Јарец
Може да влезете во паралелна или тајна врска со жена Девица или Скорпија, затоа што сте маж кој не успева да одолее на забранетото. Ако сте дама, нема да останете рамнодушни на една мистична Риба или опуштен Бик.
Кај вас емоциите и врските не се менуваат многу често, па лесно ви е да се врзете со една личност. Потребно е само подобро да си ја контролирате љубомората и посесивноста, затоа што може да дојде до прекин и на најсовршената врска заради недоверба.
Водолија
Уживате да ја зачудувате околината, па зошто тогаш да правите исклучоци во љубовта? Ако сте маж многу лесно може да ве заинтересира некоја Вага со немирен дух или Близнаци на кои нема да им пречи што постојано ги менувате плановите. Жените Водолии ќе остварат љубовна врска со Стрелец или Овен.
Можно е да го помешате пријателството со љубовта, па бидете сигурни пред да ги покажете своите емоции. Бидете поискрени кон партнерот, затоа што тајните може да ја избркаат сродната душа подалеку од вас.
Риби
Вашата сензуалност и еротичност не можат да останат незабележани каде и да се појавите, посебно ако сте дама. Ќе проба да ве освои некоја таинствена Скорпија или упорен Рак, а ако сте маж големи сте шансите да завршите со Јарец или Бик.
Може да запознаете интересни личности преку интернет, но не откривајте премногу информации од себе затоа што ќе се разочарате. Избегнувајте ги партнерите кои имаат проблем со пороци и патолошките лажговци, затоа што може само да ве разочараат.