Како се однесуваат хороскопските знаци на Фејсбук?
Вага
Сестраната Вага секому ќе пружи шанса за запознавање на чет. Разменува коментари, лајкови и реклами за козметички производи, третмани и естетски услуги. Ништо чудно да помислите дека сте на страницата кај некој супермодел.
Скорпија
Ако видите селфи фотографија на која ѕиркаат некои интимни делови. Се гледаат сите атрибути и ве наведуваат на грев: тоа е Скорпијата. Но, ако ѝ дофрлите некој вулгарен и дегутантен коментар, ќе најде начин да ве искомпромитира на секој можен начин и нема да бира зборови.
Стрелец
Ако видите дека е онлајн ќе биде чудо, бидејќи фотографиите покажуваат сè. Постојано има нови и различни со параглајдинг, вечера во Дубаи, зимување на Алпите, летување во Шпанија...тој навистина нема време за да биде постојано онлајн. Повеќето негови пријатели му се странци.
Јарец
Само за работни и бизнис цели го користи. Повеќето пријатели на Јарците им се службени партнери и колеги. Има малку фотографии и тие се главно од некои конференции и семинари. Профилот им е добро обезбеден за да нема секој пристап до нивните коментари и објави.
Водолија
Водолијата сака друштво и не прави проблем дали е тоа виртуелно или реално. Не се воздржува од комуникација и дружење со голем број пријатели. Ако наиде на некој со слични интереси како неговите, брзо се зближува. Зачленета е во голем број групи од различни сектори.
Риби
Често користат лажни фотографии и со лажно име. Според нивното Фејсбук CV нема да можете ништо да заклучите. Не им е точен ниту датумот на раѓање, не изгледаат како што се претставуваат можеби е и лажен профилот, но нешто што е сигурно е дека се Риби во хороскоп.