Кои 4 хороскопски знаци се најдобри заводници?
Нема знак кој не го сака невиниот и безопасен флерт, но овие 4 знаци се највешти кога се работи за заведувањето.
Лав
Освојуваат суптилно и со голема фантазија. Ќе ви пријдат со голема самодоверба, неодолив шарм и насмевка која ќе ја осветли целата просторија.
Лавовите се „градски фаци“ и ги познаваат сите важни луѓе, што значи никогаш нема да ви биде здодевно. Со нив ќе имате кралски третман, а дополнителни поени заслужуваат заради пристојните и често заборавени манири.
Припадниците на овој знак не сакаат кога губат и затоа секогаш одат на сигурна победа. Заведувањето за нив е повеќе од гимнастика, тие уживаат во секој чекор, а посебно се заинтересирани кога треба дополнително да се потрудат.
Лавовите се страствени љубовници, па бидете сигурни дека авантурата со нив ќе биде комплетна.
Скорпија
Кога Скорпијата ќе влезе во просторијата, едноставно сите ја забележуваат. Нејзиниот безобразен поглед освојува и без допир, а кога ќе одбере плен може да го освои за само неколку часа.
На Скорпиите добро им оди невербалната комуникација и често пати внимателно ја користат додека „внимателно“ ги слушаат вашите животни проблеми.
Може да не сте ни свесни дека сте нејзина мета, сè додека не и се најдете во прегратки.
Во кревет се перверзни и можат да водат љубов со часови, а обично на себе имаат скапа и внимателно одбрана долна облека.
Уште 2 одлични заводници на следната страна...