Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Без влакна на јазикот: Што мислат за вас останатите хороскопски знаци?

bez-vlakna-na-jazikot-sto-mislat-za-vas-ostanatite-horoskopski-znaci-02.jpg

Како Вагата ги гледа другите знаци:

Овен - премногу разигран за мој вкус.

Бик - хм, добар е, ама не нешто... не би го земала здраво за готово.

Близнаци - интересен соговорник, одличен за совети.

Рак - романтичен, пријатен кон другите, но постојано го менува расположението.

Лав - шармантен, но и арогантен.

Девица - секогаш сака да го достигне совршенството. Сакам и јас, но не по секоја цена.

Скорпија - малку ме плаши.

Стрелец - хаотичен, но супер лик. Имаме слични интереси.

Јарец - и од него малку се плашам.

Водолија - одлична смисла за хумор, но често знае да ги повреди другите.

Риби - ми се допаѓа нивната личност, но премногу се срамежливи, па не знам за што би разговарале.


Како Скорпијата ги гледа другите знаци:

Овен - хахаха, не!

Бик - ми се допаѓа, за пријател.

Близнаци - премногу зборува. Всушност не престанува, исклучете го од струја!

Рак - хм, добар, но мирен и повлечен за мој вкус.

Лав - не е така лош како што кажуваат сите.

Девица - не сум сигурна дека имам какво било мислење за неа.

Вага - забавна, но не е доволно одлучна.

Стрелец - забавен, но премногу детинест.

Јарец - одличен, сериозен и одлучен, ми се допаѓа!

Водолија - немам време за такви луѓе.

Риби - симпатични, но срамежливи. Не сакам да им влечам зборови од уста.


Како Стрелецот ги гледа другите знаци:

Овен - супер, само премногу се натпреварува.

Бик - не е баш забавен за глупости, но ја цени мојата смисла за хумор, па е добар пријател.

Близнаци - забавни! Сакам да се дружам со вакви луѓе.

Рак - би требало да излегува повеќе, кога е дома пропушта толку забави работи.

Лав - го обожавам!

Девица - ме нервира. Кој може да чисти 2 часа, кога има многу позабавни работи во животов?

Вага - ме оптоварува со неважни детали, но е добар пријател.

Скорпија - не знам што да кажам. Премногу е мистериозна.

Јарец - зошто има толкава одбивност од мене?

Водолија - феноменална личност! Секогаш кога одам по нејзин памет си поминувам незаборавно.

Риби - не ми се допаѓаат, досадни се.


Како Јарецот ги гледа другите знаци:

Овен - добро, што прави со животов?

Бик - ми се допаѓа, одличен е, но мора да се активира.

Близнаци - те молам, замолчи!

Рак - премногу сентиментален, но сака кога ми прави услуги, па често го користам.

Лав - и ти замолчи, те молам!

Девица - единствена личност на која можам да ѝ верувам.

Вага - не, не ми е симпатична.

Скорпија - мистериозна е, но ми се допаѓа.

Стрелец - немам доволно навреди во речникот. Мислам, погледнете го, тотален хаос!

Водолија - кој? Не знам таков човек.

Риби - дали тука само јас мислам дека Рибите имаат две лица?


Како Водолијата ги гледа другите знаци:

Овен - премногу ризикува, ме нервира.

Бик - вистински пријател, сакам кога е во близина.

Близнаци - супер за разговор, но не и за забава.

Рак - не сакам претерано чувствителни лица.

Лав - ајде престани да мислиш дека си најдобар кога не си.

Девица - зошто би се замарала околу тоа дали ламбата одговара со тепихот?

Вага - одлично друштво, иако знае да ми досадува со своите дилеми.

Скорпија - интересна, но ништо посебно.

Стрелец - најзабавната личност на светот! Кога и да се најдеме на лудилото му нема крај.

Јарец - воопшто не ми се допаѓа.

Риби - и за нив не сум сигурна дека ги сакам.


Како Рибите ги гледаат другите знаци:

Овен - зошто е постојано лут?

Бик - прекрасен и доверлив пријател.

Близнаци - неговите шеги се смешни, но и злобни.

Рак - сладок е и секогаш искрен.

Лав - не би да го налутам, се плашам дека ќе ме повреди.

Девица - премногу строга, треба малку да се опушти.

Вага - многу ми се допаѓа, има сестрана личност.

Скорпија - не знам зошто сите ѝ се плашат, мене ми е супер пријател.

Стрелец - никогаш не ги напаѓај послабите, тоа имам да им кажам.

Јарец - иако е доста омразен и често ги напаѓа другите, мислам дека не е лоша личност.

Водолија - ми се допаѓа што е ексцентрична.



Би можело да ве интересира:

Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Часот на раѓање ги открива вашите скриени таленти: Дали сте предодредени за лидер или за ѕвезда? Ако сте родени од 08 до 10 часот, вие сте голем љубител на самотијата и не ви се...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Пет работи што секој хороскопски знак ги сфаќа предоцна во животот, па потоа се кае За кои пет работи може да се каете подоцна во животот, ако не промените нешто ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg