Тибетски хороскоп: Кој е вашиот пат до мудроста?

Секој знак во тибетскиот хороскоп носи одредена мудрост. Дознајте што ви порачува знакот во кој сте родени...

tibetski-horoskop-koj-e-vasiot-pat-do-mudrosta-01.jpg

Тибетскиот хороскоп се базира на верување во 12 патишта до мудроста, а секој човек, според својата дата на раѓање има свој пат на мудроста, своја цел и своја карма.


Овен - реинкарнација

Овенот во животниот циклус го означува минатиот живот. Тој е херојски змеј кој се бори против внатрешните демони и надворешните искушенија. Овој знак бега од монотонија и размислувања. На припадниците во овој знак им се препорачуваат социјални активност низ кои ќе можат да се подобрат себеси.

Карма: Треба да се живее во сегашноста, да се согледа својот внатрешен живот, да се медитира, да се пронајде радоста и да се поднесе животот тогаш кога не е розов. Треба да се заборави на неуспесите и да се гледа напред. Само така Овенот ќе го открие тајниот клуч на мирот.


Бик - создавање на дух

Бикот претставува разбирање на мудроста. Создава сигурност, бидејќи има искуство од минатите животи, но создавањето на дух му овозможува да комуницира со внатрешниот живот.

Карма: Акцијата не зависи од работата, туку од психата. Бикот не го мотивира сигурноста, туку сомневањето. Тој го победува конзерватизмот со тоа што ја контролира својата енергија. Само така ја пронаоѓа својата внатрешна сигурност.


Близнаци - психичка и духовна еволуција

Близнаците се социјални, внимателни, љубопитни, интелигентни, знаат добро да лажат, имаат добра меморија, но не чувствуваат потреба за духовен развој, поради што никогаш не го наоѓаат својот мир.

Карма: Припадниците на овој знак се нестабилни и го менуваат своето расположение. Потребна им е медитација и брзо носење на одлуки, за да сфатат дека решението на проблемите е многу поблиску отколку што изгледа.


Рак - раѓањето на човекот

За да се заштити, Ракот држи сѐ во себе, но му треба многу трпение и време за да сфати каде се наоѓа. Премногу верува во надреалното и посакува никогаш да не порасне, бара внимание и верност.

Карма: Посесивен е и секогаш сака да биде во центар на вниманието. Никој не сака да биде во друштвото на Рак кој е премногу авторитативен.


Лав - универзална свест

Лавот ја претставува врската помеѓу свеста и реалноста. Тој учествува во материјалниот свет, го сака успехот и цело време бара начни да се докаже како водич.

Карма: Се чувствува како центар на светот. Ако не управува добро со својата енергија може да претера со егоизмот. Кога тоа ќе се случи, потребно е да се учи од останатите.


Девица - работа и физички свет

Девицата посакува да се врати во детството. Со текот на годините, кај припадниците на овој знак се развива критички дух, кој никогаш не е задоволен.

Карма: Ако сака да созрее духовно, Девицата треба да престане да се занимава со себе и да започне да се грижи за другите.

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Каде ќе ја запознаете љубовта на својот живот, според хороскопскиот знак? Авантуристичките Ваги сакаат да го живеат својот живот со полни гради. Зато...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Пет работи што секој хороскопски знак ги сфаќа предоцна во животот, па потоа се кае За кои пет работи може да се каете подоцна во животот, ако не промените нешто ка...
Хороскопски знаци кои повеќе се приврзани за кучињата, отколку за луѓето Јарците многу често мислат дека другите луѓе може да ги издадат и дека не можат&...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg