Говорот на телото според хороскопот
Хороскопските знаци можат да се препознаат по изгледот и карактеристично држење, но и говорот на телото кој е поврзан со четирите елементи - оган, земја, воздух и вода.
Оган
Овен - Настапот им е сигурен и одлучен. Движењето - сигурно, спретно, го гледаат соговорникот во очи и без извинување го прекинуваат. Секогаш се буткаат пред другите, одат со брзи и жестоки чекори, често со главата напред.
Лав - За себе создаваат слика на возвишеност, единственост и авторитет. Машките лавови имаат манијакална потреба да бидат во одлична форма, а девојките секогаш сакаат да бидат сензуални.
Стрелец - Можат да бидат необично убави, имаат исправено движење, зрачат со ведрина, самодоверба и безгрижност. Тие имаат неодолива привлечност и животински инстинкти. Кога некој ги привлекува, покажуваат отворена потреба да бидат во негова близина и да го допираат, дури и на јавно место.
Земја
Земја
Бик - Строг поглед и намуртено лице, ситни бори околу устата и подигнат веѓи - говорот на лицето кај бикот е далеку позначаен од говорот на целото тело. Тие со поглед и гестови дозволуваат да ја почувствувате нивната сензуалност и еротичност.
Девица - Гестикулациите и мимиките често се сведени на минимум, но она малку што се гледа - зборува многу. Колку и да се трудат не можат да ја сокријат внатрешната нервоза затоа што ги издава чепкањето и кубењето на косата. Колку се поуспешни толку се емотивно постабилни, а движењата им се посигурни и посмирени.
Јарец - Движењата им се војнички увежбани, но ако некој ги посматра подолго време, ќе забележите дека има промена во држењето кога ќе се појави некој кој им се допаѓа. Тогаш тие се деконцентрираат и бараат да им се повтори она што сте им го кажале бидејќи не можат сконцентрирано да слушаат.
Карактеристиките на воздушните и водни знаци откријте ги на следната страна...