Јин и Јанг астрологија: Пронајдете рамнотежа

Земјените и водените знаци имаат јин квалитети кои се опишуваат како негативна, женска, пасивна енергија, а огнените и воздушните знаци припаѓаат на јанг квалитетите кои се сметаат за позитивна, машка и активна енергија. Научете како да воспоставите рамнотежа...

jing-jang-astrologija-1

Секој знак има свои слаби и јаки страни, доблести и мани, а уметноста на живеењето е токму во нашата способност да ги играме животните правила балансирајќи помеѓу спротивностите за да пронајдеме рамнотежа.

Во вечниот ритам на природата, постои место каде што владее мирот и спокојството, пронајдете го своето:

1. Земјени јин

Бик, Девица, Јарец

Вашата најголема сила е тоа што стоите цврсто на земјата. Сакате смирено да застанете и се позиционирате во агол од кој добивате одлична перспектива врз проблемот или ситуацијата која ве зафатила. Токму поради одмереноста и смиреноста вашиот знак се смета за пасивен. Склони сте кон задржување на работи, навики, енергии и луѓе. Тешко го пуштате она што ви е познато и воопшто не ги сакате промените. Секогаш се обидувате во хаосот да воведете ред и правила.

За да го пронајдете својот мир во ритамот на природата, направете ред во сопствените мисли наместо на инсистирате на надворешен ред. Пуштете ги енергиите на својот живот да течат, бидејќи тој е единствен начин да ви се вратат и да ви го донесат она што го сакате.

2. Водени јин

Рак, Риби, Скорпија

Јин енергијата произлегува од големата интуиција и сочувство кое овие знаци ја поседуваат. Во потребата да изградите емотивна сигурност и да се заштитите од можните емотивни повреди, вие ја нарушувате својата рамнотежа со чувството на љубомора, емотивни уцени или со бегството во светот на фантазијата. Секогаш се врзувате за луѓето, бидејќи тоа ви дава еден вид сигурност и на секаков начин се обидувате да ја контролирате ситуацијата за да се заштитите.

За да го пронајдете својот мир во ритамот на природата, отворете го срцето и подгответе се да преземете ризик. Вашата интуиција секогаш ви го покажува вистинскиот пат, но мора да научите да го чуете нејзиниот глас.

jing-jang-astrologija2

3. Воздушни јанг

Близнаци, Вага, Водолија

Јанг квалитетите на вашиот знак се препознаваат во идеите, флексибилноста, брзите реакции и интелигенцијата. Секогаш сте во интеракција со околината, луѓето, случувањата и на тој начин ја гаснете вашата жед и неуморно трагате по авантури. Реалниот свет бргу ви станува здодевен и тоа ве прави ладни и површни.

За да го пронајдете својот мир во ритамот на природата, сето знаење од животот применете го на практичен начин. Немојте да ги занемарувате луѓето и нивните чувства, туку допуштете му на срцето да владее со вашиот ум.

4. Огнен јанг

Овен, Лав, Стрелец

Секогаш имате потреба да ја покажувате својата сила и да докажувате дека сте посебни. Водени од сопственото его и вербата во себе ја гаснете жедта за животот. Обожавате да зборувате за своите успеси, но често заборавате на другите луѓе околу вас. На тој начин, си ја нарушувате животната рамнотежа.

За да го пронајдете својот мир во ритамот на природата, мора да научите да ја препознавате својата сила и да си дадете до знаење дека ништо не може да ја исцрпи. Само на тој начин, ќе им дозволите на другите луѓе да сјаат во ваша близина. Така повторно ќе бидете во средиштето, како Сонцето кое ги осветлува другите планети. Чувството на сигурност вам ќе ви даде мир и спокојство.  

Би можело да ве интересира:

Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Хороскопски знаци кои повеќе се приврзани за кучињата, отколку за луѓето Јарците многу често мислат дека другите луѓе може да ги издадат и дека не можат&...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...
4 хороскопски знаци кои остануваат вечно млади во душа Стрелците се потсетник за сите останати знаци дека за да останеме млади во душа,...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg