Како вашиот хороскопски знак се забавува во кафана?

Овенот во кафана ужива како риба во вода, Биковите сакаат да имаат своја, додека на Ракот омилената кафана му е втора дома.

kako-vasiot-horoskopski-znak-se-zabavuva-vo-kafana-01

Овен

Иако е Овен, во кафана ужива како риба во вода, без оглед на забавата. Кога малку повеќе ќе се напие станува директен во контактот со спротивниот пол и монотонијата ја разбива со разговори и вицови. Понекогаш жените во овој знак сакаат да ја „накитат“ музиката, посебно ако слават роденден.

Бик

Бикот би сакал да има своја кафана, што не е редок случај. Но ако ја нема, тогаш во неговото омилено место сите го познаваат - од музичар до келнер. Ја собира музиката околу својата маса и нарачува песни, а сака и да им угодува на девојките/момците околу него. Неретко знае да запее и дополнително да ја загрее атмосферата.

Близнаци

Со Близнаците ќе го имате најдобриот помин во кафана, без оглед на тоа дали сте отишле како заљубен пар, пријател или сосема случаен познаник. Близнаците се друштвени, шармантни и хумористични, па не им е проблем да бидат забавувачот во друштвото.

Рак

Иако најмногу уживаат во својот дом, Раковите често знаат да се упатат кон својата омилена кафана. Никаде на друго место не може да се опуштат со чаша вино и пријатели, да заиграат, да запеат и да останат до раните утрински часови. Не се љубители на кафаните во друштво на својот партнер/партнерка, па повеќе го ценат друштвото во вакви случаи.

Лав

Кралот на забавите, игрите и сите можни прослави, ужива кога тој ја организира и води вечерта. Тогаш се подразбира огромна количина на алкохол и гласна музика. Атрактивни и провокативни, какви што вообичаено се, Лавовите обожаваат да запознаваат нови лица во оваа ситуација.

Девица

Родени за мерак и опуштање, Девиците знаат да бидат немирни кога ќе испијат малку повеќе. Кога атмосферата ќе се загрее, вообичаено Девиците се тие кои нарачуваат нови тури и досипуваат пијалаци. Звучи несвојствено за воздржаните, приземни Девици, но тие обожаваат кога се во центарот на вниманието, посебно ако пеат и играат.

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Совршени зимски дестинации низ Европа за секој хороскопски знак Овен – Лондон со својата дива енергија е нивниот духовен дом. Овен – Лондон с...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Хороскопски знаци кои повеќе се приврзани за кучињата, отколку за луѓето Јарците многу често мислат дека другите луѓе може да ги издадат и дека не можат&...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg