Уредување на домот според ѕвездите: За Овенот е важна влезната врата, за Близнаците смирувачките сини детали

Правилното уредување на вашиот простор може да помогне во него да уживате на вистински начин и да ја насочите енергијата за задоволување на сопствените потреби, желби и планови.

ureduvanje-na-domot-spored-zvezdite-za-ovenot-e-vazna-vleznata-vrata-za-bliznacite-smiruvackite-sini-detali-01

Со оглед на тоа што покрај вообичаените правила постојат финеси врзани за индивидуалните особини, има неколку совети кои може да ги примените во согласност со вашиот хороскопски знак.

Овен

Овните се познати по тоа што поседуваат огромна енергија. Смели, тврдоглави, храбри, отворени, секогаш весели, насмеани и оптимистични. Со оглед на тоа што Овенот е прв знак во Зодијакот, така и во домот, за нив многу е важна влезната врата. Таа би требало да биде голема, цврста и убава. Кваката секогаш треба да е чиста, а обувките наоколу, секогаш на место. Истото важи и за закачалките во ходникот. Ѓубрето не би требало да го оставате покрај влезот.

ureduvanje-na-domot-spored-zvezdite-za-ovenot-e-vazna-vleznata-vrata-za-bliznacite-smiruvackite-sini-detali-1


Бик

Трпеливи, тврдоглави, мирољубиви, сензуални, истрајни и упорни. Сакаат сигурност и затоа атмосферата во домот им е многу важна. Вистински гурмани се, а поголемиот дел од времето го поминуваат во кујната. Таа треба да биде наместена така што шпоретот да биде одделен од фрижидерот и од мијалникот. Меѓу шпоретот кој симболизира оган и фрижидерот и мијалникот кои симболизираат вода , најдобро е да се постави дрвена штица и со тоа да се поврзат овие спротивни предмети. Посебно внимание треба да обрнете на што поголемо осветлување и да избегнувате флуросцентни сијалици.

ureduvanje-na-domot-spored-zvezdite-za-ovenot-e-vazna-vleznata-vrata-za-bliznacite-smiruvackite-sini-detali-2


Близнаци

Познати како воздушен знак, Близнаците се духовити и љубопитни личности. Со оглед на тоа што обожаваат промени, нивниот животен простор треба секогаш да биде дополнет со некој нов детаљ и интересна ситница така што овие немирни личности да чувствуваат како постојано да се на некое друго место. Бидејќи се малку хаотични и неорганизирани, препорачливо е да им доминира смирената сина боја.

ureduvanje-na-domot-spored-zvezdite-za-ovenot-e-vazna-vleznata-vrata-za-bliznacite-smiruvackite-sini-detali-3


Рак

Хиперсензитивните Ракови поради својата чувствителност подготвени се да реагираат и на најмалата ситница. Склони се на чести промени во расположението, а најчувствителни се кога доаѓа до какви било промени во нивниот дом и несекојдневниот однос меѓу членовите на семејството.

ureduvanje-na-domot-spored-zvezdite-za-ovenot-e-vazna-vleznata-vrata-za-bliznacite-smiruvackite-sini-detali-4


Лав

Самоуверените Лавови едноставно обожаваат да бидат во центарот на вниманието. Сонцето ги прави великодушни и доминантни. Со оглед на тоа што ова е кралски знак, природно е да сакаат да живеат во такво окружување со многу светла и со многу скапоцени предмети наоколу, за да се чувствуваат како на трон.

ureduvanje-na-domot-spored-zvezdite-za-ovenot-e-vazna-vleznata-vrata-za-bliznacite-smiruvackite-sini-detali-5


Девица

Прво што помислувате кога се Девиците во прашање се организираност и педантност. Убаво се однесуваат и сакаат луѓе кои така се однесуваат. Имаат мислење за сè и не се воздржуваат да го кажат тоа јавно.

Треба посебно да обрнете внимание на расположението во текот на оброците, бидејќи ако е нерасположена или нервозна, Девицата сигурно ќе има проблем со варењето на храната. За да го подобри расположението додека внесува храна, трпезаријата во која јаде мора да биде уредена во согласност со фенг шуи методите. Трпезариската маса треба да биде во кружна форма. На масата, исто така, треба да стои ваза со цвеќе или сад со овошје кое симболизира изобилие.

ureduvanje-na-domot-spored-zvezdite-za-ovenot-e-vazna-vleznata-vrata-za-bliznacite-smiruvackite-sini-detali-6


Вага

Важат за личности со стил, имаат префинет вкус и обожаваат луксузни работи. Од пресудна важност е да живеат во убав и мирен амбиент во друштво на саканата личност. Со оглед на тоа што дневната соба е место каде ги пречекуваат многубројните пријатели, таа мора да биде наместена со вкус и стил. Креветите и фотелјите треба да бидат одвоени од ѕидовите најмалку 10 см во облик на круг или елипса со масичката на средина. Исто така, делови од мебелот кои служат за седење не треба да ги вртите така што кога седите со грб да бидете свртени кон прозорецот. Растенијата треба да ги пополнат празните агли, а собата да биде осветлена со повеќе лустери и ламби.

ureduvanje-na-domot-spored-zvezdite-za-ovenot-e-vazna-vleznata-vrata-za-bliznacite-smiruvackite-sini-detali-7


Скорпија

Основната движечка енергија на Скорпијата е психосексуалноста, па поради тоа неопходно е правилно да е наместена спалната соба. Освен креветот и некоја комода од двете страни на креветот, во оваа соба не би требало да има ништо друго. Креветот не смее да се наоѓа под прозорецот. Негативно е да имате огледало во спалната соба, бидејќи тоа го нарушува сонот и неопходниот одмор.

ureduvanje-na-domot-spored-zvezdite-za-ovenot-e-vazna-vleznata-vrata-za-bliznacite-smiruvackite-sini-detali-8


Стрелец

Стрелецот е забавен, безгрижен и весел знак кој не робува на никакви ограничувања. Ужива во слободата и сака да искористи сè што му нуди животот. Обожава патувања, далечни земји и егзотика.

Домот во кој овој знак се чувствува добро и пријатно е оној кој е преполн со интересни предмети од разни патувања, разгледници, глобуси, сувенири од далечни земји, како и книги за древните култури. Под тоа се подразбира и фигури од разни животни, а најинтересни се слоновите.

ureduvanje-na-domot-spored-zvezdite-za-ovenot-e-vazna-vleznata-vrata-za-bliznacite-smiruvackite-sini-detali-9


Јарец

Со оглед на тоа што работата му е приоритет, многу е важно работниот простор да биде инспиративен. Зад работната маса може да поставите предмети со глава на змеј кој симболизира успех, сила и напредок. Ако сакате да започнете нова работа, задолжително треба да ја купите оваа амајлија, бидејќи означува поддршка и помош, бидејќи змејот е еден од најсилните древни симболи.

ureduvanje-na-domot-spored-zvezdite-za-ovenot-e-vazna-vleznata-vrata-za-bliznacite-smiruvackite-sini-detali-10


Водолија

Како што налага и нивниот карактер, така и домот во кој живеат мора да биде во најмала рака несекојдневен, а повторно пријатен за Водолиите и нејзините бројни пријатели.

Опкружете се  со убави и пријатни бои, зависно од она што сакате да постигнете: белата боја симболизира чистина, црвена, розева и портокалова симболизираат оган, но со нив не треба да претерувате бидејќи се можни расправии меѓу вас и вашите најблиски. Овие силни бои може да ги замените со светло зелена и сина боја или некоја друга светла нијанса.

ureduvanje-na-domot-spored-zvezdite-za-ovenot-e-vazna-vleznata-vrata-za-bliznacite-smiruvackite-sini-detali-11


Риби

Рибите припаѓаат на групата најспиритуални знаци, а се одликуваат со саможртвување, сочувство, голема креативност и неисцрпна инспирација. Бидејќи се многу фантазерски настроени со малку труд нивниот дом може да се уреди така што ќе потсетува на едно мало уметничко дело. Со оглед на тоа што се многу чувствителни на негативни влијанија, се препорачува да имаат медалјон со мотиви на желка. Оваа амајлија им гарантира сигурност и заштита посебно кога се работи за нивното здравје.

ureduvanje-na-domot-spored-zvezdite-za-ovenot-e-vazna-vleznata-vrata-za-bliznacite-smiruvackite-sini-detali-12

Би можело да ве интересира:

Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Хороскопски знаци кои повеќе се приврзани за кучињата, отколку за луѓето Јарците многу често мислат дека другите луѓе може да ги издадат и дека не можат&...
Од што имате фобија според хороскопскиот знак (и како да се справите со неа)? Риби – Тие не се плашат да останат сами со своите мисли и имагинација, но смртно...
4 хороскопски знаци кои остануваат вечно млади во душа Стрелците се потсетник за сите останати знаци дека за да останеме млади во душа,...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg