Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како би изгледал еден ден ако сите хороскопски знаци живеат заедно?

Додека Јарецот постојано штеди и го исклучува бојлерот, Лавот и Вагата се борат за позицијата пред огледалото. Девицата цеди свежи сокови, Близнаците постојано нешто губат, а Рибите безгрижно спијат...

kako-bi-izgledal-eden-den-ako-site-horoskopski-znaci-ziveat-zaedno-01

Еве како ќе изгледа едно утро ако сите знаци живеат во еден стан:

6:00 Девицата станува и пред туширањето го чисти тоалетот. По перењето на заби, четката ја става во стерилна кесичка и ја остава на посебно место подалеку од сите останати.

6:15 Јарецот станува и го исклучува бојлерот. Истече терминот за евтина струја.

6:20 Водолијата оди на утринско трчање.

6:30 Вагата и лавот се пред огледалото и се во расправија за хидратантната крема и гелот за коса.

6:40 Бикот појадува Нутела со супена лажица.

6:45 Стрелецот станува и го вклучува бојлерот.

7:00 Ракот прави сендвичи, Девицата цеди свежи сокови, а Близнакот е во кревет со мобилниот телефон.

7:05 Скорпијата ја крши вратата од тоалетот - Вагата излегува смртно навредена со несесерот во рака.

7:10 Овенот станува и ја вклучува стоперката.

7: 11 и 45 секунди Овенот е истуширан, облечен и мавта од скалите. Ја исклучува стоперката.

7:15 Бикот со лажицата уште шкрипи по теглата. Нема веќе Нутела.

7:20 Вагата и Лавот повторно имаат расправија пред огледалото, последна пред да го напуштат домот.

7:30 Водолијата се тушира со ладна вода, Јарецот повторно го исклучил бојлерот.

7:40 Сите излегуваат.

7:50 Близнаците се враќаат, го заборавиле паричникот.

8:00 Рибите се будат и сфаќаат дека се заклучени во станот.

Би можело да ве интересира:

Хороскопски знаци кои во пролет 2025 (најверојатно) ќе ја пронајдат својата сродна душа Бикови, бевте трпеливи, внимателни, можеби и по малку скептични кога станува збо...
Во една реченица: Зошто бегате од љубов, според хороскопскиот знак? Јарци, оптоварени сте со толку многу обврски, што мислите дека не би имале време...
Една застрашувачка особина на секој хороскопски знак, која му штети најмногу Риби, вие сте главно позитивна личност, но штом ќе ве обземат „црните“ мисли, ст...
Хороскопски знаци што со еден поглед ви го заробуваат срцето (Девицата ви продира во душата) Близнаци – Имате чувство дека во нивните очи може да се огледате. Близнаци – ...
Годишен хороскоп за 2025-та: Лав За родените во знакот на Лав, 2025-та ќе биде моќна година, во која ќе се истакн...
4 хороскопски знаци кои остануваат вечно млади во душа Стрелците се потсетник за сите останати знаци дека за да останеме млади во душа,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg