Кој пијалок му одговара на вашиот хороскопски знак?
Алкохолниот хороскоп ги поврзува вашите карактеристики и особини со карактеристиките на сите алкохоли, па го спојува најсоодветното. Откријте кој пијалок најмногу и одговара на вашата личност.
Овен
Припадниците на овој знак се авантуристички настроени, динамични и иновативни. Сакаат да испробуваат нови нешта, па затоа коктелите се одличен избор. Важно е коктелот да не биде премногу сладок. Често пати им здосадуват оние стандардни коктели затоа што тие сакаат да дегустираат нешто што никој никогаш не го пробал.
Бик
Биковите се весели, пријателски настроени и луѓе кои уживаат во доброто друштво и забавите. Сакаат кога пијат луксузни, скапи пијачки, па затоа често пати сакаат да уживаат во раскошот на вискито.
Близнаци
Доста комуникативни, отворени и лесно се снаоѓаат во секоја ситуација. Под дејство на алкохол сакаат да флертуваат на сите страни и да разговараат со згодни странци. Идеален пијалок за нив е црното вино.
Рак
Раковите се импулсивни, доста емоционални, но и често пати знаат да го променат расположението под дејство на алкохол. Обожаваат црни квалитетни вина, но повремено сакаат да експериментираат со некој сладок овошен ликер.
Лав
Лавовите се великодушни, забавни и креативни и често пати алкохолот им е гаранција за добра забава. Идеален алкохол за нив е џинот, во сите можни мешавини со сокови или овошја.
Девица
Прекрасни луѓе кои ретко пијат комплицирани, модерни пијалоци. Нивен избор се стандардните комбинации како на пример џин тоник или вотка портокал. Ако претераат со пиењето знаат да бидат по малку агресивни иако тоа ретко им се случува.
Уште 6 знаци на следната страна...