Годишен хороскоп за 2013 – Вага
Општо: За вагата, стабилноста и рамнотежата се многу важни. Годишниот хороскоп покажува дека ова ќе биде голема година, со важни случувања за оние родени во овој знак. Бидете подготвени за мали проблеми на почетокот на годината, бидејќи ќе постојат голем број на предизвици кога станува збор за кариерата. Меѓутоа, лесно ќе ги надминете. Заради вашата неодлучност постои можност да пропуштите добри шанси и проекти, така што важно е навремено да реагирате. Крајот на годината за вас ќе биде еден од најубавите периоди, така што ќе го искористите на дружење, патувања, односно на се она што сакате.
Работа: Кога станува збор за вашата работа и кариера, оваа година ќе ви донесе позитивни резултати само доколку навремено инвестирате во некој проект кој ќе ви биде понуден. Ако премногу ги размислувате останатите опции или пак текот по кој тој проект ќе се развива, можно е да ја изгубите добрата понуда. Верувајте и на интуицијата, посебно кон крајот на март. Во наредниот период ве очекува напредок, посебно во работните проекти врзани за економија, трговија, туризам, наука и образование, уметност или ангажманите во приватниот сектор.
Љубов: Во љубовта оваа година нема да ви донесе многу новости. Но, бидејќи сте знак кој лесно се заљубува, нема да ви биде тешко да се заљубите во нова личност. Меѓутоа, тоа ќе биде кратка љубов, бидејќи таа личност може за кратко време потполно да ја снема од вашиот живот. Оние кои се во врска ќе поминуваат низ мирен љубовен период, исполнет со пријатни моменти заедно со своите сакани.
Здравје: Во текот на оваа година не би требало да имате некои значајни здравствени проблеми, освен неколку настинки. Здравјето оваа година ќе ви зависи од физичката активност, така што во план ставете ги спортските активности. Во оваа година вашите здравствени тегоби да бидат предизвикани од психолошки стрес и голем притисок, на кои ќе бидете изложени заради вашата кариера. Повремени главоболки, пад на имунитетот, видот и концентрацијата се можни појави исто доколку премногу се посветите на вашата кариера.
Нашиот совет е да станете одлучни и навремено да реагирате што се однесува до проектите, бидејќи сте осетливи на мислењето на другите. Некои одлуки сепак треба да ги донесете сами, па затоа доволни се само ставовите на другите кои темелно ќе ги размислите, меѓутоа треба да се одлучите за решение кое е за вас самите надобро.
Среќни броеви: 10, 19 25, 37
Среќен месец: Февруари
Песна која ќе ви ја одбележи годината: