Анти хороскоп

Вага - нарцисоидни шизофреници, огледалото им е најдобар пријател. Потребна им е цела недела да се одлучат дали ќе нарачаат Кока-Кола, или Пепси, толку се мрзливи - вистинско чудо е како воопшто стануваат од кревет. Знаат да сакаат само ако сте финансиски истакнати. Зборот пријател за нив не постои, колку и да им се отворите нема да добиете ни приближно еднакво за возврат затоа што тие само внимателно слушаат, а не ги отвораат своите карти. Подраги им се 1.000 убави лаги, отколку една болна вистина, затоа се најуспешни во лажењето, па дури и кога се лажат сами себе.
Истакната Вага: Владимир Путин


Скорпија
- самосожалувачи и деструктивци, неможат да се поднесат самите себе, па затоа повлекуваат уште 100 луѓе со себе. Ако утре е крај на светот, тие не би се шокирале, веројатно би го дочекале со садо-мазо оргии. Смртта не им е ништо страшно, се палат на крв и сè она кое на обичните смртници им е језиво. Ги следи карактеристика на љубоморно посесивни психопати.
Истакната Скорпија: Хилари Клинтон


Стрелец
- штеточини и коцкари, уживаат да солат памет, а ентузијазмот им е толку голем што за нив и оживување на мртвите е возможно - нормално само ако тие го прават тоа. Не признаваат дека го познаваат чувството на тага. Не стапувајте во брак со Стрелец никако, затоа што и кога е уверен дека ве сака, тоа ќе му помине за месец дена.
Истакнат Стрелец: Сталин


Јарец
- вистински робови, веруваат потполно во судбина, зборот „извини“ не постои во нивниот речник. Можете да живеете покрај нив цел живот, да бидете во брак, а никогаш да не дознаете што имаат да ви кажат. Чувствата незнаат да ги искажат со зборови, па наместо „те сакам“ често може да ве дочека со „губи се“. Би си ја продале душата за друштвен статус.
Истакнат Јарец: Стипе Месиќ


Водолија
- вулгарни и непристојни перверзњаци, секогаш се мешаат во приватниот живот на останатите. Веројатно не би ве зачудил фактот дека најмногу шпиони од ЦИА се токму Водолија во хороскоп.
Истакната Водолија: Карла Дел Понте


Риби
- самосожалувачи, досадни, чекаат да дојде некој да ги утеши. Неможат ни да отидат во ве-це без туѓа помош, и најмала ситница ја гледаат како врвна сензација, па им досаѓаат на луѓето наоколу. На пауза, кога се со добра волја, се занимаваат со туѓите проблеми и повторно паѓаат во депресија - и така во круг.
Истакната Риба: Осама Бин Ладен



Би можело да ве интересира:

Каде ќе ја запознаете љубовта на својот живот, според хороскопскиот знак? Авантуристичките Ваги сакаат да го живеат својот живот со полни гради. Зато...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Хороскопски знаци кои повеќе се приврзани за кучињата, отколку за луѓето Јарците многу често мислат дека другите луѓе може да ги издадат и дека не можат&...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Една постапка со која веднаш ќе ја загубите довербата кај секој хороскопски знак (и зошто) Бик - Ако им дадете ветување, а потоа не го остварите, подобро е воопшто да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg