Што НЕ сакаат хороскопските знаци?
Вага. Вагите се родени дипломати и нема шанси да ги натерате да го кажат своето мислење за кое знаат дека е спротивно на вашето. Тоа секогаш ќе излезе како убаво спакувана и нежна критика, полна со совест. Вагите не сакаат караници, по потреба и ќе ве игнорираат само за да не ви се спротивстават. Секогаш мислат дека се во право, така што немојте да се лажете дека го прифатиле вашето мислење.
Скорпија. Ако почнете да им солите памет, ќе го направат токму спротивното од она што го препорачувате. Не им е лесно да простат на оние кои ги навредиле, така што не се чудете зошто после расправија покрај вас поминуваат како покрај „турски гробишта“. Може и да ве избришат потполно од животот, така што бидете воздржани.
Стрелец. Никогаш нема да можете да им наметнете обврска која они не ја сакаат. Имаат проблем со авторитети. Во разговор, не знаат за доста, и зборуваат се додека не паднат од умор.
Јарец. Со сите може да се пошегувате некогаш, но со Јарците- подобро не. Туѓата несериозност им оди на живци. Никако не ги брзајте, ова може само да ви донесе голем минус во нивниот црн тефтер. И секако, пожелно е да мислите како нив или барем да се однесувате како што они сакаат.
Водолија. Бавно, полека и сталожено не постои во речникот на Водолиите. Кај нив се мора да биде одма, сега и овде. Како да се навлечени на стрес, а при тоа често забораваат што создава дополнителна атмосфера на паника.
Риби. Ако ги игнорирате ќе имате проблем, затоа што нивниот внатрешен свет е секогаш посилен од реалноста околу нив, така што едноставно мора да ги разберете нивните идеи и ставови. Нивната мисија во животот е да им помогнат на другите, а сите останати треба да го забележат ова и да ги пофалат. Затоа – опсипувајте ги со пофалби и нема да има проблем.