Што НЕ сакаат хороскопските знаци?
До сега веројатно го имате проучено својот партнер (партнерка), или потенцијален партнер, што сака, каков/ва е, што сака да јаде и слични ситници. Но, дали знаете што е она што НЕ го сака?
Еве што треба да избегнувате според хороскопските знаци:
Овен. Никако, ама никако не му кажувајте на Овенот што треба да прави. Ќе ја спушти главата и ќе ги подготви роговите за удар на оној кој му ја наметнува својата волја. Тоа ги вклучува и шефовите кои најчесто ги игнорираат. Овните знаат да се справат и дискретно со оние кои им пречат, но немаат никаков проблем и да ве удрат за да ве потсетат каде ви е местото (не насилно).
Бик. Не сакаат некои да им ги крати нивните уживања – не им ја допирајте храната и ситниците кои им значат. Тешко им е да сфатат дека постојат и поважни нематеријални работи, па затоа имајте разбирање. Не им ги допирајте одлуките и креативноста – тоа исто така е нивна „црвена крпа“.
Близнаци. Немојте да се обидувате да ги замолчите. Не прифаќаат критики. Не се лесни за одржување врска или пријателство, но имаат добра душа па затоа и се исплати да се потрудите.
Рак. Кога би сакале намерно да му го кренете притисокот на Ракот, нема ништо полесно – дајте му задача која нема врска со семејството, домот или пријателите, тоа ќе го убие во поим. Промена на навиките не постои во нивниот речник, а обидот да го воозбилите завршува како тотална катастрофа.
Лав. Обидете се нешто да му наредите на Лавот и ќе видите што значи да се биде крал на џунглата. Нема подобри од нив, само они можат да бидат во центарот на вниманието. Епа, како да се справите? Лесно. Нешто ќе си премолчите, нешто умешно ќе прошалтате како нивна идеја и ласкање. Никако лажење.
Девица. Избор на слика за на ѕид, комбинација на облека, тема на разговор – тоа е нивна работа. Вие не се обидувајте да се мешате. Своеглави се и си го прилагодуваат својот распоред само со себе. Потребно е да имате дипломатски вештини за да ги наговорите на нешто што вие сакате.
Уште 6 знаци на следната страна...