Хороскоп: Дали сте харизматична личност?
Зборот харизма е од грчко потекло. Потекнува од зборот charisma што во превод значи божји дар, милост. Харизматичните личности лесно делуваат на другите луѓе, па кога се позитивни, во состојба се да придвижат маси за напредни цели или пак другите се трудат да ги имитираат.
Харизматичната личност може да биде родена во било кој астролошки знак со тоа што има силни аспекти на Плутон, Уран или Сатурн, особено во комбинација со Сонцето.
Овните привлекуваат нагло, брзо и по малку сурово, но нивната харизма е едноставна, речиси наивна. Тие може да ве влечат кон една цел и без таинственост да се стремат кон истата.
Оние Бикови кои се харизматични, пред се даваат чувство на сигурност и тоа ги врзува луѓето.
Харизматичните Близнаци се фантастични говорници кои потполно ќе ве окупираат со својата ораторска способност, така што ќе се претворите во покорен слушател, а потоа и обожавател.
Раковите сакаат народни маси поради нивниот владетел Месечината, но тој вид популарност не мора да биде нужно поврзана со харизмата. Харизмата секогаш во себе содржи нешто далечно и недопирливо, па ако ракот се уште поседува аспекти на харизма, неговото влијание на другите во тој случај ќе биде со хуманистички карактер. Идеален е за рамо за плачење или за патриотски водач.
Лавовите кои се харизматични редовно се напорни личности кои задолжително го набљудуваат секој свој потег и чекаат повратно влијание. Ги привлекуваат другите со својата сила и експресија.
Девиците кои имаат харизматични аспекти добро ги подготвуваат своите настапи, го проучуваат секој детаљ и внимаваат на секоја ситница. Тие се организирани харизматици, а привлекуваат со шармот.
Уште 6 знаци на следната страна...