Хороскоп: Дали сте харизматична личност?

Вагите се толку фини што нивната харизма секогаш е поврзана со убавина или дипломатија. Доколку станат свесни за својата харизма, тие ќе ја користат на многу мудар начин, а ќе им биде доволна само насмевка.

Скорпиите се класичен пример за харизматичен знак кога се работи за личност која привлекува на таинствен начин и не и паѓа на памет да открие што и е на ум. Драстичен пример се личности кои што можат да ги хипнотизираат другите. Прашање е само дали харизматичните Скорпии се конструктивно или деструктивно насочени.

Харизматичниот Стрелец е спонтана душа која сака да си игра и со самиот свој галантен настап го добива вниманието на другите. Ако е харизматик, обично е пријатен.

Јарецот кој има харизматични аспекти исто така е пример за вистинска харизма пред која останувате без здив и покорно ја следите. Сатурн во овој случај не остава друга можност, а со цврстината која ја поседува ве води кон целта без отстапување. Нема шанси во ваква комбинација некој да се поколебал.

Водолиите кои се харизматични делуваат на принципот на магнет. Топло – ладно, збунуваат, но и привлекуваат, не можете да ги „прочитате“, па затоа уште повеќе ве привлекуваат за да откриете за што всушност се работи. Ова е веќе вселенска харизма која е тешко да се објасни.

Рибите кои се харизматични делуваат главно по принципот на заведување, убавина, заслепеност со нешто таинствено, но неодоливо привлечно во светот во кој зрачат. Ова е харизма на опивање и зашеметување со која владее Нептун. Идеално за секти и разни идеологии.

И на крајот, кога би сакале да ги поедноставиме работите, еве ранг листа на астролошките знаци по харизматичност:

  1. Скорпија, Јарец и Водолија.
  2. Лав, Овен и Рак.
  3. Вага, девица и Риби.
  4. Близнаци, Стрелец и Бик.



Би можело да ве интересира:

Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
Една ваша особина за која самите не сте свесни, а другите ви се восхитуваат, според хороскопскиот зн... Девици, точно е дека понекогаш можете да бидете строги. Но, во очите на другите ...
4 хороскопски знаци кои не ги ценат доволно работите, сè додека не ги изгубат Биковите се тврдоглави личности. Тие не попуштаат лесно, при што не согледуваат ...
Хороскопски знаци на кои им треба време и многу лоши искуства за да сфатат каков партнер им треба Риби - Сакате да ја почувствувате искрата на љубовта, па иако ве боли да ги отфр...
Според месецот на раѓање: Kaква личност вреди да чекате во животот за вистинска љубов? Февруари – останете сингл додека не сретнете личност која нема да се обидува да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg