Кое светско чудо треба да го видите, според вашиот хороскопски знак?
Водолии, Статуата на слободата ги симболизира вашите најценети квалитети, како солидарност, па треба да ја видите барем еднаш во животот.
Постојат бројни градби, природни феномени и формации кои можат да се опишат како чудо – некои од нив се на листата на нови светски чуда, некои на листата на природни светски чуда, а некои спаѓаат во светски чуда на древниот свет.
Секоја од овие градби или природни формации и феномени со текот на времето станала симбол за нешто – за истрајност, слобода, вечна љубов…
И, скоро секој од овие симболи резонира со некој хороскопски знак поради неговите доминантни карактеристики.
Па, кое светско чудо треба да го видите според астрологијата?
Овен
Вие сте познати по вашата посветеност, но и мотивацијата да бидете истрајни.
Силни сте и подготвени да се справите со секоја пречка, исто како она што симболизира Големиот кинески ѕид кој треба да го видите барем еднаш во животот.
Бик
Мачу Пикчу, древниот град сместен на Андите одлично резонира со вас.
Ова светско чудо е скриено и хармонично интегрирано со своето опкружување, што, пак, е слично на вашата желба за стабилност и убавина.
Близнаци
Архитектурата на Петра во Јордан, кој е изрезбан во карпа, ја отсликува вашата дуалност и вашата флексибилност.
Овој град еволуирал и се адаптирал на опкружувањето, исто како што правите и вие.
Рак
Таџ Махал е симбол на вечната љубов, што, пак, одлично се поклопува со вашата грижлива природа.
Вие сте познати по длабоката поврзаност со саканите, а ова здание е рефлексија на тоа.
Лав
Некогаш Колосеумот се користел за спектакли и имал за цел да ја покаже моќта на древниот Рим.
Тој е симбол на храброст и најпознатото обележје на Рим, како што вие сте во центарот на вниманието каде и да отидете.
Девица
Деталите што се кријат во архитектурата на Ангкор Ват во Камбоџа ја покажуваат посветеноста на оние што го направиле храмот.
Како личност која се стреми кон совршенство, оваа градба нема да ве остави рамнодушни.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





