Кој нордиски бог ве опишува најдобро, според хороскопскиот знак?
Близнаци, вие сте најслични со итриот Локи. Како него, вие сте непредвидливи и брзо се адаптирате.
По грчката, нордиската митологија е една од најпопуларните во светот.
Нордиските богови и митови се ништо помалку од импресивни, а секој бог е како персонификација на некоја одлика.
Па, кој нордиски бог ве опишува најдобро, според вашиот хороскопски знак?
Овен – Тор
Со вашиот темперамент и храброста, вие најмногу потсетувате на Тор – богот на молњата, силата и храброста.
Исто како Тор, вие секогаш сте подготвени за предизвик и никогаш не се откажувате.
Истовремено, вие сте мошне лојални и останувате покрај саканите без разлика низ кои премрежја треба да поминете заедно.
Бик – Фрејр
Фрејр е богот на плодноста, мирот и изобилството, што одлично го пишува вашиот карактер.
Вие сте силни и уживате во земските задоволства, а токму тоа го претставува овој нордиски бог.
Имате посебна поврзаност со светот и ги цените стабилноста и безбедноста во животот.
Близнаци – Локи
Вие сте најслични со итриот и флексибилен бог Локи.
Локи е богот на измамите, но неретко ја претставува и дуалната природа која е карактеристична за Близнаците.
Исто како Локи, вие сте непредвидливи, брзо се адаптирате и можете да се најдете во секаква ситуација.
Рак – Фриг
Фриг е сопруга на Огин и е позната како мајка божица, а е грижлива и има љубов за сите, исто како и Раковите.
Таа е божица на мајчинството и плодноста, а нејзината грижлива природа се рефлектира и во вашиот карактер.
Вие сакате безбедна и удобна околина не само за себе, туку и за вашите блиски.
Лав – Один
Вашиот знак е владеен од Сонцето, па јасно е зошто сте најслични со Один, врховниот бог во нордиската митологија.
Вие ги имате истите мудрост и храброст и доминирате каде и да се појавите.
Желни сте за знаење, имате огромна самодоверба, но и сакате да им помагате на другите.
Девица – Идун
Вашиот карактер најдобро се отсликува кај Идун, божицата на младоста и подмладувањето.
Вие сте вредна личност, желна за знаење, а делувате ревитализирачки за сите околу вас.
Како што божицата има позитивно влијание врз другите богови, такво е и вашето влијание врз вашите сакани.