Еротски хороскоп за 2025 година: Кој ќе се фокусира на задоволството, а кој на емоциите?
Вага
Годинава повеќе ќе се фокусирате на емоционалната поврзаност, отколку на физичкото задоволство.
Ќе сакате подлабока конекција со партнерот (или партнерите).
Љубовниот живот ќе ви бие во центарот на вниманието во летниот период, а ако сте сингл, можно е да почнете авантура која ќе има потенцијал да се претвори и во нешто сериозно.
Годината ќе ја завршите среќни и задоволни, без разлика дали покрај вас ќе имате постојан партнер.
Скорпија
Можете да очекувате големи промени во 2025 година, како и мигови исполнети со страст.
Ќе заборавите на проблемите и грижите од минатото и со надеж ќе гледате кон иднината.
Можни се неколку кратки авантури, но кон средината на годината може да почнете сериозна врска или да почнете д размислувате за брак.
Храбро ќе донесувате важни одлуки, а повремено ќе си дозволувате и да ризикувате што, пак, ќе ви донесе незаборавни искуства.
Годината ќе заврши уште подобро отколку што почнала.
Стрелец
Во 2025 година ќе се истакне вашиот авантуристички дух.
Ќе сретнете многу луѓе, ќе имате многу авантури или, а ако сте во врска, ќе го „зачините“ сексуалниот живот со партнерот.
Ќе забележите позитивна промена уште во првите месеци, додека кон средината на годината ве очекува интензивен период, полн со страсни моменти.
Со почетокот на есента ќе бидете отворени за позитивни промени, а и ќе си ја зголемите самодовербата.
Ќе ја завршите годината како променета личност, со многу нови искуства кога е во прашање љубовта.
Јарец
Ако сте се чувствувале несреќни во љубовта и вашите сексуални потреби не биле задоволени, годинава или ќе го решите тој проблем со партнерот, или ќе најдете нов.
Уште на почетокот од годината ќе почнете да размислувате за вашите желби и повеќе ќе им се посветите.
Веќе нема да ги запоставувате ни емоционалните, ни физичките потреби и ќе бидете послободни во однос на сексот.
Најзначаен ќе ви биде крајот од годината кога можете да очекувате незаборавни искуства, без разлика дали ќе имате постојан партнер, или само минлива авантура.
Водолија
2025-та ќе биде период на драстични промени на поле љубов.
Очекувајте страсни средби, но и длабока емоционална поврзаност ако имате постојан партнер.
Ќе се ослободите од некои предрасуди и до средината на годината ќе се чувствувате како нова личност.
Втората половина ќе биде помирна и ако немате постојан партнер, нема да биде многу заинтересирани за авантури.
Но, ова не значи дека ќе бидете осамени – напротив, ќе ви годи периодот кој ќе ви даде можност за саморефлексија.
Риби
Во 2025 година ќе бидете посериозни во однос на љубовта и поважна ќе ви биде емоционалната поврзаност, отколку физичкото задоволство.
Нема да толерирате партнер кој не е подготвен да се поврзе со вас и приоритет ќе ви биде интимноста, а не сексот.
До крајот на годината можно е да најдете партнер кој ќе ги исполнува вашите потреби и желби.
Со вистинската личност покрај себе, ќе забележите подобрување и во сексуалниот живот.
Спирова С. | Црнобело