Совршени зимски дестинации низ Европа за секој хороскопски знак
Овен – Лондон со својата дива енергија е нивниот духовен дом.
Ако веќе размислувате каде би можеле да отпатувате низ Европа оваа зима, тогаш можеби хороскопот може да ви помогне.
Секој од овие европски градови си има своја магија, што би можела да ви се допадне.
Во продолжение да видиме каде треба да отпатувате оваа зима, според хороскопскиот знак:
Овен – Лондон
Овните се темпераментни луѓе кои копнеат за авантури и нови искуства и уживаат да шетаат низ некој град, без да знаат што следно може да очекуваат.
Лондон со својата дива енергија е нивниот духовен дом. Во зима овој град е магичен со неонските светла, шопинг авантурите и театарските претстави.
Овните може да најдат голем број искуства што може да ја задоволат секоја нивна потреба: музеи, паркови, клубови и пабови...
Бик – Рим
Биковите сакаат луксуз, вкусна храна и хармонична атмосфера, а Рим во зима може да ги задоволи сите нивни потреби.
Може да се впуштат во авантура и да ги посетат историските споменици, да уживаат во вкусно кафе и десерти во малите кафулиња.
Освен тоа, Биковите се познати гурмани, па за нив вистинско уживање ќе биде да ја вкусат автентичната италијанска кујна: тестенини, пица, џелато…
Близнаци – Атина
На Близнаците им е потребен одмор што ќе ја задоволи нивната љубопитност и ќе им дозволи да се забавуваат, инаку ќе им биде здодевно.
Атина важи за мистериозен и легендарен град, кој може лесно да ги задоволи нивните потреби.
Спојот од модерното и антиката се совршени за Близнаците кои уживаат зад секој агол да откриваат нешто ново и неочекувано.
Рак – Југот на Франција
Емотивните Ракови сакаат топли, удобни места и со поглед на море.
Затоа Југот на Франција е вистинска дестинација за нив.
Може да уживаат наутро во прошетките низ романтичните француски улички кои се како излезени од бајка, а навечер да уживаат во погледот на морето.
Лав – Мадрид
Лавовите кои постојано сакаат да бидат во центарот на вниманието, ќе уживаат во убавините на Мадрид.
Топлото сонце, европската култура, како и ноќниот живот се нешто што може лесно да ги освои, но и со што ќе сакаат да се пофалат.
На фотографиите објавени од преубавите плоштади, спа-центри и ресторани, Лавовите ќе се чувствуваат како навистина да ја имаат главната улога.
Девица – Копенхаген
За да одморат на Девиците им е мошне важно да бидат на место каде што преовладува тишина, но истовремено, неопходно им е и да имаат што да прават и да организираат посети.
Копенхаген, кој важи за совршено организиран, шармантен и полн со историја е градот каде што Девиците ќе се чувствуваат како дома.
Во овој град, Девиците конечно ќе можат да заборават на својата сериозност и да си дозволат да се однесуваат како деца полни со возбуда.