Започна последниот ретрограден Меркур во 2024 - Како ќе влијае на секој хороскопски знак?
Последниот ретрограден Меркур оваа година почна на 26.11, а завршува на 15 декември. Какви промени му носи на секој хороскопски знак?
Ретроградниот Меркур вообичаено се поврзува со негативни влијанија, промени на полошо и проблеми.
За среќа, тоа не е секогаш така и негативното влијание не се однесува на сите хороскопски знаци.
Какво ќе биде влијанието на последниот ретрограден Меркур оваа година на знаците во Зодијакот?
Овен
Во овој период ќе се соочите со предизвици поврзани со комуникацијата на работа, но и во секојдневните обврски.
Можни се недоразбирања со колегите, па бидете внимателни кога пишувате мејлови или кога водите важни разговори.
Бик
Ова е период кога ќе се појават нови финансиски проблеми, па избегнувајте финансиски инвестиции и поголеми трошоци до средината на декември.
Имате долгорочни планови кои ќе почнете да ги реализирате во овој период и ќе сфатите дека сте на вистинскиот пат.
Близнаци
Овој ретрограден Меркур ќе влијае на љубовните и семејните односи, а на површина може да испливаат проблеми кои се криеле.
Бидете стрпливи и фокусирајте се на решавање на проблемите од минатото.
Рак
Ако сакате да ги поминете мирно овие денови, не преземајте премногу обврски и избегнувајте комуникација со многу луѓе.
Потпирајте се на својата интуиција, а не на советите од околината (кои можеби не се добронамерни).
Лав
Ретроградниот Меркур за некои Лавови ќе значи враќање на некоја стара љубов или проблеми во односите со пријателите.
Внимавајте многу што кажувате за да ги избегнете недоразбирањата.
Девица
Ова е период во кој ќе почнете да ги преиспитувате семејните односи и ситуацијата во домот.
Некои Девици ќе се повлечат, нема да се дружат со блиските и ќе пробаат самите да се ослободат од стресот.