Дали ви се поважни парите или љубовта, според хороскопскиот знак?
Девиците се практични личности, па очекувано е да им даваат предност на парите пред љубовта.
Дали во животот поважни ви се парите или љубовта?
Дали прво сакате финансиска стабилност, па потоа да барате сродна душа или, пак, сакате да го изградите животот од соништата со вистинскиот партнер покрај вас?
На кои хороскопски знаци им се поважни парите, а на кои љубовта?
Овен – љубов
Овните се под влијание на Марс, планета на страста, па тие покажуваат страст во сè, особено љубовните врски.
Брзо се вљубуваат и штом ќе ја најдат вистинската личност, ѝ остануваат лојални за целиот живот.
Овните не се луѓе кои се многу загрижени за пари.
Иако сакаат да бидат успешни, секогаш воспоставуваат рамнотежа во животот и кариерата и парите не им се на прво место.
Посреќни би биле со малку пари и саканата личност покрај нив, отколку сами со огромно богатство.
Бик – пари
Додека многу Бикови попрво би избрале љубов, повеќето нема да ги одбијат ни парите.
Причината е тоа што тие се под влијание на Венера – планетата и на љубовта, и на парите.
Сепак, бидејќи сакаат стабилност, особено финансиска, неретко даваат предност на материјалното.
Тие сметаат дека луѓето можат да ги изневерат, но не и парите.
Исто така, имаат скап вкус и уживаат во луксуз, а љубовта не е нешто што може да им го овозможи тоа.
Близнаци – љубов
Соодветно на името на знакот, Близнаците секогаш трагаат по својата друга половина.
Тие се вредни личности и ги ценат парите, но многу поважна им е љубовта и врските со луѓето.
Според нив, лесно е да се дојде до пари, но значително потешко е да се најде вистинскиот партнер кој ќе ги сака со целото срце.
Тие се комплексни луѓе и тешко им е да најдат соодветен партнер, па затоа многу повеќе ја ценат љубовта од богатството.
Рак – љубов
Раковите се еден од најљубезните и најемотивните знаци во зодијакот.
Тие би избрале љубов пред пари без воопшто да размислуваат.
Иако сакаат удобност и стабилност, многу повеќе би сакале да ги добијат тие работи со партнер покрај себе, отколку сами.
Најголемата желба на Раковите е да ја најдат својата сродна душа и со неа да ги изградат животот што го сакаат.
Лав – љубов
Лавовите се водат според нивното срце, па тие се страсни и дарежливи личности.
Иако можеби не делуваат така, Лавовите би го подариле целото свое богатство на луѓе на кои им треба, наместо да го трупаат.
За нив, сите пари на светот се безначајни ако покрај себе немаат личност со којашто можат да ги делат.
Секогаш прво би ја избрале љубовта бидејќи за нив е многу поважна од парите.
Девица – пари
Како земјен знак, Девиците се практични личности кои сакаат стабилност.
Ја ценат и љубовта, но не им е важна колку способноста самите да се грижат за себе.
Притоа, Девиците имаат многу високи очекувања од нивните партнери, па порадо би биле сами, отколку со некој што не ги задоволува нивните стандарди.
Па, сметаат дека е подобро да им даваат предност на парите, отколку на љубов која веројатно е осудена на пропаст.