Љубовен хороскоп за ноември 2024: Ракови - токсична личност од минатото ќе сака да ви се врати во животот

Бикови: Можно е работите да станат сериозни, па да ја официјализирате љубовта со врска, свршувачка, дури и брак. Главните случувања ќе бидат во втората половина од месецот. Што ве очекува, според хороскопот, на поле љубов во ноември 2024?

ljuboven-horoskop-za-noemvri-2024-rakovi-toksichna-lichnost-od-minatoto-kje-saka-da-vi-se-vrati-vo-zhivotot-01.jpg

Кој ќе биде дел од љубовен триаголник, а кој ќе мора да внимава како ѝ пристапува на новата личност во животот?

Кој ќе има есен за паметење, а кој ќе ја топи перницата со солзи?

Прочитајте си го љубовниот хороскоп за ноември 2024:

Овен

Ако сте во врска:

Партнерот конечно пред вас ќе ги изнесе своите проблеми и тоа што отворено ќе ви каже што го мачи ќе ви донесе големо олеснување.

Ако сте во брак, можно е да им обрнувате многу поголемо внимание на децата отколку на партнерот, па обрнете внимание дали тој се чувствува запоставено.

Во љубовната врска обидете се да не бидете љубоморни, особено ако немате вистинска причина за тоа и ќе видите како работите ќе тргнат на подобро.

Ако сте слободни:

Ќе имате многу средби со луѓе на кои им се допаѓате и сте им драги. Некои од овие личности би направиле сè за да остварат поблизок контакт со вас, па дури и врска.

После подолг период на изолација конечно ќе почнете да комуницирате на вистинскиот начин и да го отворите срцето за нова љубов. Но, тоа најверојатно ќе се случи дури кон крајот на месецот.

Бик

Ако сте во врска:

Можно е работите да станат сериозни, па да ја официјализирате љубовта со врска, свршувачка, дури и брак.

Главните случувања ќе бидат во втората половина од месецот и ќе минувате многу време со саканата личност, од која ќе црпите енергија и за нови професионални успеси.

Кај оние кои се во брак можно е проширување на семејството или пак минување повеќе време со помладите членови од семејството.

Ако сте слободни:

Ќе одите на некоја забава, каде ќе запознаете личност која ќе ве вивне во облаците и со која ќе се чувствувате како да сте на седмо небо.

Можно е да станува збор за личност која неодамна излегла од љубовна врска или брак.

Конечно ќе соберете храброст да ѝ дадете повторно шанса на љубовта.

Близнаци

Ако сте во врска:

Малку сте иритирани од чувството дека партнерот премногу се потпира на вас и ве заморува со работи кои треба да ги заврши тој самиот. Дури се сомневате на моменти дека во позадина има некоја тајна љубовна афера.

Почекајте неколку дена и со смирена глава разговарајте. Врската или ќе се стабилизира потоа или барем конечно сигурни ќе ставите крај.

Време е да се посветите на работите кои ви прават задоволство и да се ставите на прво место.

Ако сте слободни:

Ќе бидете во дилема поради одредена личност и ситуација. Некои работи не ви се јасни и не можете да создадете вистинска слика.

Во втората половина од месецот ќе ви се допадне што за вас ќе се заинтересира личност со вистински семејни вредности, но и со динамика на живот каква што вие посакувате.

Во меѓувреме можни се кратки авантури и флерт на работното место.

Рак

Ако сте во врска:

Ќе бидете многу толерантни кон партнерот, но и ќе направите вистински потег што ќе му се посветите нему, а ќе го исклучите телефонот и ќе ставите стоп на преголемата посветеност кон работата.

Испланирајте некое заедничко патување за одново да ја воспоставите квалитетната комуникација која некогаш ја имавте.

Ако сте слободни:

Ви претстои некое романтично познанство со личност која ја заслужува вашата доверба.

Ќе се појави и личност од минатото која ќе се обидува да ве увери дека судбински ви е предодредена и дека треба да ја прифатите назад во својот живот.

Иако некои работи меѓу вас останаа недовршени, не смеете повторно да ја направите истата грешка и да ѝ дадете шанса.

Лав

Ако сте во врска:

Партнерот како да врши притисок врз вас и тоа почнува да ви оди на нерви. Не мора да чекате ситуацијата да стане комплетно неподнослива, слободно ставете крај на врската.

Од друга страна, на Лавовите на кои добро им оди во љубовната врска ќе им пречи тоа што поради некоја околност ќе бидат одделени од саканата личност.

Во секој случај, откако ќе си ја решите ситуацијата, ви претстои навистина убав период.

Ако сте слободни:

Малку сте конфузни во врска со тоа што сакате од љубовта, а вашите цели на моменти се навистина неостварливи.

Можно е да ви се допадне личност со страст за кариерата, но ако е така ќе мора малку да го средите хаосот во вашиот живот, пред да ѝ пристапите на оваа организирана личност.

Конечно ќе почувствувате љубовна страст, каква одамна си посакувавте.

Девица

Ако сте во врска:

Ви претстојат денови полни со љубов, убави мигови и уживање со партнерот.

Ако сте дел од љубовен триаголник, ќе мора да одлучите со кого сакате да продолжите понатаму.

За да немате проблеми во врската, само внимавајте што зборувате и не избрзувајте како што знаете вие. Мора смирено да се соочите со проблемите.

Ако сте слободни:

Ова е вистинско време за патување, на кое може да запознаете забавна личност. Како и да е, убавите мигови на љубовен план ќе дојдат дури кон крајот на месецот.

Внимавајте само да не ве привлече магнетски личност која не е слободна.

Исто така, ставете стоп на мислите за личност од минатото.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Каде ќе ја запознаете љубовта на својот живот, според хороскопскиот знак? Авантуристичките Ваги сакаат да го живеат својот живот со полни гради. Зато...
Годишен хороскоп за 2024: Стрелец Подгответе се, бидејќи 2024-та ќе ви донесе многу изненадувања, нови можности и ...
Годишен хороскоп за 2024: Риби Следната 2024-та година ќе биде вистински предизвик за сите Риби. Ќе ви се случа...
Годишен хороскоп за 2024: Близнаци 2024-та година ќе биде полна со неочекувани пресврти, големи можности, искористе...
Како да поканите маж на љубовен состанок, според неговиот хороскопски знак? Лавовите сакаат драма, па поканете го на состанок кога ќе биде опкружен со многу...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg