Љубовен хороскоп за октомври 2024: Јарци – Ќе почнете афера за да побегнете од партнерот
Вага
Ако сте во врска:
Проблемите во врската најверојатно ќе бидат предизвикани од трета личност. Октомври може да ви донесе сериозни расправии и недоразбирања.
Оние што се во сериозна врска или брак, може да одлучат да влезат во афери со некоја личност што одамна им се допаѓа.
Ако сте слободни:
Оние што се сингл, веројатно ќе имаат можност да влезат во романтична врска исполнета со страст и којашто ќе ви одговара затоа што ќе чувствувате дека не сте ограничени.
Со убави зборови и шарм може далеку да дотуркате и лесно ќе ја освоите секоја личност што ви се допаѓа.
Сепак, препорачано е да внимавате и да не носите импулсивни одлуки.
Скорпија
Ако сте во врска:
Ако сте во брак или сериозна врска, во првата половина од месецот ќе чувствувате дека односот со партнерот се подобрува и станува похармоничен.
Но, во втората половина добро би било да избегнувате да останувате долго дома, затоа што можни се тензии и расправии.
Некои претставници на знакот можно е на почетокот на овој месец да одлучат да ја крунисаат љубовта со свршувачка или со брак.
Оние што подолго време се во тајна врска или афера може да доживеат непријатности, па да се дознае за нивниот приватен живот.
Ако сте слободни:
Првата половина на месецот не е поволна на поле љубов, затоа што нема да имате доволно време за да се посветите на овој аспект од животот.
Во втората половина на октомври ќе имате можност да започнете стабилна романтична врска и тоа со личност што ќе ја запознаете сосема случајно – на интернет, на улица или преку пријатели.
Стрелец
Ако сте во врска:
Љубовниот живот месецов ќе ви биде во фокусот, а најмногу ќе бидете сконцентрирани на односот со партнерот.
Можно е ситуацијата да биде напната со партнерот, па затоа сите обиди да ги решите недоразбирањата да бидат залудни.
Оние во брак, може да бидат преоптоварени со финансиските проблеми на партнерот, па целосно да заборават на сопствените емоции.
Ако сте слободни:
Во октомври ве очекуваат голем број изненадувања на љубовен план.
Новите познанства може да ви донесат нови искуства, а личностите што ќе ги запознаете ќе ве заинтересираат и ќе остават впечаток кај вас.
Можно е да запознаете некоја личност на патување и со неа да одлучите да започнете бурна врска, но која ќе биде со краток век.
Јарец
Ако сте во врска:
Октомври ќе ве стави на тест вас и цврстината на вашата врска. Можно е да посакате да побегнете од проблемите во врската и од партнерот.
Некои претставници на знакот, лесно може да се впуштат во тајни врски и афери, но ќе треба да бидат особено внимателни кон крајот на месецот кога постои можност сè да се дознае и да исплива на површина.
Ако сте слободни:
Некои претставници на знакот може да се впуштат во некоја „врска без обврски“, па нема да сакаат да го дефинираат односот со партнерот.
Можно е долго време да го криете во тајност односот со новата љубов, и да не сакате да споделите со другите дека конечно работите се поправиле, па вие сте вистински среќни.
Запомнете дека колку и да криете, не можете да побегнете од вистинската љубов.
Водолија
Ако сте во врска:
Можно е да бидете разочарани и да се сомневате во верноста на партнерот, но добро би било информациите што сте ги добиле добро да ги проверите и да не верувате на лаги и озборувања.
Сите тешки и сериозни разговори, најдобро е да ги оставите за втората половина на месецот, кога ќе можете со студена глава да донесете вистинска одлука.
Ако сте слободни:
Оние што се сингл од неодамна, може да одлучат да ѝ дадат втора шанса на љубовта со партнерот со којшто раскинале.
Имате добри шанси да бидете среќни ако пронајдете оптимистична личност што ве исполнува со позитивни мисли и енергија и ви дава крилја.
Бидете внимателни ако одлучите да започнете врска со некој пријател или пријателка. Многу е веројатно страста брзо да се потроши и да си го нарушите пријателскиот однос.
Риби
Ако сте во врска:
Во втората половина на месецот заедничкиот живот со партнерот станува потежок, а изворот на проблемите ќе бидат недоразбирањата.
Обидете се да не ги преувеличувате работите и да не замерувате за ситници.
Ако сте слободни:
Ќе имате потреба за поголема возбуда во животот и за повеќе романтика,
Може да се случи да влезете во врска со некој што е многу посилна личност од вас според темпераментот и со којашто воопшто нема да бидете компатибилни – па така оваа врска ќе биде со краток рок.
Б. С. Б. | Црнобело