Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најлошите карактеристики на секој хороскопски знак, кога ќе се претвори во нарцисоидна личност

Иако се познати по својот весел карактер и шарм, Стрелците целосно го менуваат лицето кога ќе станат нарцисоидни. Тие се во состојба да газат сè пред себе, па ќе зажалите ако им застанете на патот - никој не се одмаздува толку брутално како нив.

najloshite-karakteristiki-na-sekoj-horoskopski-znak-koga-kje-se-pretvori-vo-narcisoidna-lichnost-011.jpg

Секој хороскопски знак има позитивни карактеристики, но исто така секој има и негативни страни, а една од нив е и нарцисоидноста.

Кај некои таа излегува на површина и доминира, кај други, пак, е потисната и стои скриена засекогаш.

Но, што се случува со хороскопските знаци кога нивната нарцисоидност ќе излезе на површина?

Повеќето стануваат токсични за себе и за околината, и ако не се контролираат, работите некогаш може да отидат предалеку - манипулации со блиските, малверзации со пари, забивање нож во грб...

Каков е секој хороскопски знак кога ќе се претвори во нарцисоидна личност?  

Овен

Овните се решителни и фокусирани, но таа нивна решителност некогаш ги преминува границите, па тие може да се претворат во нарцисоидни личности чија амбиција не познава граници.

А кога ќе дојдат во ваква фаза, ги повредуваат другите, намерно шират озборувања, ги саботираат колегите, дури и прават малверзации со пари.

Бик

Биковите кои не се нарциси се силни, решителни и може да се потпрете на нив, но нарцистичките Бикови се посесивни и токсични.

Тие љубовта преку ноќ ќе ја претворат во омраза и ќе бараат начин да ви се одмаздат, ако сметаат дека нешто сте им згрешиле (дури и кога не сте им направиле ништо во реалноста, но тие сметаат дека треба да ве казнат).

Близнаци

Близнаците се познати по двојните стандарди по кои функционираат и двојниот живот што го живеат.

Тие често се претвораат во патолошки лажговци, манипулираат со луѓето и вешто избегнуваат одговори на прашања што не им се допаѓаат (или не им одат во прилог).

Рак

Раковите се по природа нарцисоидни и ако не се обидат да ја потиснат оваа своја карактеристика, тие почнуваат со манипулации.

Нарцисоидните Ракови ќе ве натераат да им верувате, а потоа ќе ви забијат нож во грб ако сметаат дека им стоите на патот.

Лав

Нарцисоидните Лавови се толку многу фокусирани на себе, што ќе пробаат да се стават во центарот на вниманието на сите во нивната околина (иако тоа го прават и кога не се нарцисоидни).

Но, кога нарцисоидноста ќе им избие на површина, спремни се да направат сè ако некој им се допаѓа - дури и ќе пробаат да им ја уништат врската.

Девица

Девиците мразат хаос, а нарцисоидните Девици на луѓето околу себе често гледаат како на „хаос кој им пречи и мора да го средат“.

Затоа, немојте да се изненадите ако преку ноќ станат груби со вас - тие тоа ќе го правдаат со зборовите дека „само биле искрени“, иако ќе ве повредат.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Кои 5 хороскопски знаци ќе бидат најсреќни во 2025-та? Лавови - Во 2025-та ќе зрачите со некоја посебна магија и шарм од самото тоа што...
Еден хороскопски знак кој важи за најлош во кревет (+зошто) Сексот со припадниците на овој хороскопски знак може да ви биде големо разочарув...
6 хороскопски знаци кои (најверојатно) ќе имаат богати партнери во животот Бик: Тие се познати по тоа што го ценат луксузот и комфорот, па природно им доаѓ...
6 хороскопски знаци на кои често им е подобро сингл (+ зошто) Oвен: Сакаат спонтаност и лична слобода и не им е пријатно кога треба да прават ...
Хороскопски знаци кои ќе имаат успех во кариерата и љубовта до крајот на зимата 2025 Скорпија - Ненадејно ќе добиете деловна шанса што може да ви ја подобри финансис...
5 хороскопски знаци кои лесно може да ви го распарчат срцето (+ зошто) Јарец - Тие се фокусирани на своите амбиции и поради нив е можно да ги запостава...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg