Најлошите карактеристики на секој хороскопски знак, кога ќе се претвори во нарцисоидна личност
Вага
Вагите се залагаат за еднаквост, баланс и правда, додека не „им пукне филмот“.
Нарцисоидните Ваги ќе го сменат своето однесување и ќе гледаат само да го добијат тоа што го сакаат тие, без оглед дали треба да „згазат“ некого.
Кога ќе го преминат прагот на врамнотреженост и кога ќе станат нарцисоидни, тие веќе нема да бараат добро во лошата ситуација, туку ќе ја „преземат правдата“ во свои раце и ќе почнат да се одмаздуваат.
Скорпија
Скорпиите имаат позитивна енергија, која целосно се менува ако на површина избие нивната нарцисоидност.
Тие тогаш стануваат злобни, саркастични и единствената цел им е да ги видат своите непријатели „на колена“.
Стрелец
Иако се познати по својот весел карактер и шарм, Стрелците целосно го менуваат лицето кога ќе станат нарцисоидни.
Тие се во состојба да газат сè пред себе, па ќе зажалите ако им застанете на патот - никој не се одмаздува толку брутално како Стрелците.
Јарец
Јарците не дозволуваат никој да им застане на патот кога ќе си постават некоја цел.
Но, нарцисоидните Јарци се уште полоши - имаат променливо расположение, постојано нешто пребаруваат и се лутат и веруваат дека светот мора да се врти околу нив.
Водолија
Нарцисоидните Водолии се најголемите вербални насилници во хороскопот.
Тие се одмаздољубиви и не престануваат да ги навредуваат сите околу себе, особено кога сметаат дека тие требале да добијат нешто, а не некој друг.
Риби
Рибите се чувствителни и „меки“, сè додека не се претворат во одмаздољубиви нарциси.
Тогаш ќе полнат да плачат за да почнете да ги сожалувате, а штом „омекнете“, ќе ви забијат нож во срце или ќе направат сè да зависите од нив и да ве „држат в рака“.
А. Ј. | Црнобело