3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та
Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не се „изгорите“. Подгответе се за нови средби, изненадувања, па дури и предлог за брак кај некои. Кои 3 хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа на љубовен план во 2024-та?
2023-та полека си заминува, а некои од вас токму во оваа година ја најдоа љубовта на својот живот, се свршија или направија свадба.
Идната 2024-та ќе биде исклучително погодна на поле љубов за три хороскопски знаци.
Дали сте и вие меѓу нив?
Бик
Родените во знакот на Бик во 2024-та се предодредени за многу љубов и романтика.
Ако сте сингл, ќе запознаете личност која е многу слична на вас и ќе сфатите дека токму неа ја чекавте целиот свој живот.
Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не се „изгорите“.
На почетокот бидете резервирани во искажувањето на емоциите, бидејќи некои од вас ќе се заљубат многу брзо, па со својата желба да бидат цело време со партнерот, може да го „задушат“ и тој да сака да се повлече.
Дозволете си да бидете ранливи, но преземете и ризици и отворено разговарајте за своите желби и потреби.
Биковите во врска ќе имаат мирна година, без љубовни турбуленции.
Тие своето внимание целосно ќе го посветат на партнерот и ќе се вложуваат во врската.
Особено поволни за љубов ќе бидат февруари и октомври. Но, можно е со некого да се поврзете и во март, април, мај, септември и ноември.
Сепак, избегнувајте да носите важни љубовни одлуки во јануари, јуни, јули и август.
Запомнете - во 2024-та вие ќе имате најмногу среќа во љубовта.
Рак
Почетокот на 2024-та не ветува многу на љубовен план, но работите ќе си доаѓаат на свое место како што ќе одминуваат месеците.
Не губете надеж веднаш, бидејќи вие ќе бидете едни од најсреќните знаци во Зодијакот на љубовен план.
Некои Ракови оваа година ќе ја запознаат својата сродна душа и тоа ќе ви даде нова позитивна енергија и често ќе ви измамува насмевка на лицето.
Ако сте сингл, оваа година ќе дојде до израз вашата авантуристичка и дива страна.
Ќе одите на забави и често ќе бидете во центарот на вниманието, па така ќе почнете и нови пријателства, а едно од нив ќе се претвори во вистинска љубов.
Верувајте му на инстинктот и тргнете се од луѓето кои ве гушат, а дајте им шанса на оние кои прават да ви е убаво и знаат да ве насмеат.
Фокусирајте се на себе и на својата емотивна стабилност – така ќе привлечете партнер кој е реализиран, стабилен и знае што сака во животот.
Љубовна возбуда во 2024-та ќе доживеете во февруари, март, мај, септември и во дел од октомври, ноември и декември.
Од друга страна, средината на август може да донесе мали љубовни турбуленции, но ништо со што не можете да се справите.
Скорпија
Скорпиите ќе бидат едни од трите најсреќни знаци во љубовта според хороскопот. Некои ќе влезат во нова врска, други, пак, ќе запловат во брачните води.
Почетокот на 2024-та ќе биде мирен, но работите ќе почнат да се вжештуваат уште во февруари.
Ќе почнете да му посветувате повеќе внимание на партнерот, а тој, поттикнат од вашата романтична страна, ќе направи сè за вас.
Ако сте во врска, таа ќе стане подлабока и поинтензивна.
Новиот бран на љубовна среќа ќе почне во септември и ќе трае до крајот на годината.
Од септември подгответе се за нови средби, изненадувања, па дури и предлог за брак кај некои од вас.
Јуни и јули ќе ви бидат малку подраматични, бидејќи ќе ве води љубомората, а и во август ќе ве водат измешани чувства.
Но, на крајот на годината ќе сфатите дека 2024-та сепак била одлична на љубовен план.
А. Ј. | Црнобело