Љубовен хороскоп за мај 2024: Стрелци – ќе почне да ве привлекува близок пријател
Вага
Ако сте во врска:
Доколку сте во брак, партнерот повеќе ќе се фокусира на своите желби отколку на заедничките планови.
И, ова ќе направи да се чувствувате разочарано.
Доколку сте во нова врска, новиот партнер ќе почне да ве привлекува повеќе и ќе размислувате дали треба да почнете нешто посериозно.
Ако сте сингл:
Можно е да запознаете интересна личност која веднаш ќе ви се допадне, најверојатно преку социјалните мрежи.
Можна е и авантура со личност која сте ја запознале преку заеднички пријател. А, оваа авантура ќе има потенцијал да се претвори во нешто посериозно.
Очекувајте поголема промена кон средината на месецот.
Скорпија
Ако сте во врска:
Доколку сте во брак, ве очекува стабилен период во кој значително ќе го подобрите односот со партнерот.
Оние кои се во врска ќе бидат задоволни од саканата личност и ќе се фокусирате на некоја заедничка цел.
Ако сепак чувствувате некаков сомнеж, пробајте да сфатите дека е неоправдан.
Ако сте сингл:
Ќе почнете да мечтаете за личност која е недостижна за вас, најверојатно бидејќи е зафатена.
Добро би било да ги послушате советите на луѓето кои ве сакаат и пробајте да разберете зошто сакаат да ве одвратат од некоја намера.
Доколку не сте задоволни од ситуацијата во љубовта, мала промена во изгледот ќе ви ја врати самодовербата.
Стрелец
Ако сте во врска:
Ако се соочите со проблем во врската, партнерот ќе биде подготвен на компромис и ќе најдете решение без многу караници.
Ако сте во брак, можно е да се јави незадоволство поради неискреноста на партнерот.
Останете смирени и прво ислушајте го партнерот пред да донесувате заклучоци.
Ако сте сингл:
Можно е да се родат чувства кон личност која сте ја сметале за пријател, а овие чувства само ќе се засилуваат во текот на месецот.
Ќе добиете и покана за состанок за која ќе се двоумите дали да ја прифатите.
Можно е познанство со личност преку социјалните мрежи со која треба да бидете внимателни бидејќи нема да биде потполно искрена кон вас.
Јарец
Ако сте во врска:
Ве очекува навистина бурен период.
Доколку сте во сериозна врска, воздржете се од флертување, бидејќи сериозно ќе го нарушите односот со партнерот.
Ако сте во брак, ќе ви се чини дека партнерот крие нешто, но разговарајте со него пред да го обвините за што било.
Ако сте сингл:
Ве очекува поволен период за излегувања и нови познанства.
Можно е да се сретнете со симпатија од минатото и повторно да ви се разбудат истите чувства.
Ако одите на некакво патување, многу е возможно и да го промените сингл статусот.
Водолија
Ако сте во врска:
Можно е да се јават проблеми во врската, бидејќи нема да можете да му посветите доволно внимание на партнерот.
Кон средината на месецот, најверојатно и партнерот ќе биде преплавен со обврски, па ќе немате речиси воопшто време еден за друг.
Но, овој период ќе ве натера повеќе да се цените и кон крајот на месецот значително да го подобрите односот.
Ако сте сингл:
Личност која ви ветила дека ќе ви помогне во љубовниот живот сега може да застане меѓу вас и оној кој ви се допаѓа.
Сепак, друг близок пријател ќе ви соопшти добри вести во врска со друга личност што ви се допаѓа.
И, до крајот на месецот ќе имате можност да излезете, а можеби дури и ќе почнете врска.
Риби
Ако сте во врска:
Со партнерот поважна ќе ви биде финансиската состојба отколку вашите чувства и емоции.
Комуникацијата ќе биде отежната, па и двајцата ќе треба да покажете толерантност.
Кон крајот на месецот состојбата ќе се подобри, а со тоа и ќе го поправите меѓусебниот однос.
Ако сте сингл:
Можно е познанство со личност што ви се допаѓа, но дури во втората половина од месецот.
Важно е да бидете искрени и свои доколку сакате да ја освоите оваа личност.
Истовремено, повик или порака може пријатно да ве изненади и да влијае врз одлуката што ќе правите следно.
Спирова С. | Црнобело