Каков ви е односот со вашата мајка, според нејзиниот хороскопски знак?

kakov-vi-e-odnosot-so-vashata-majka-bazirano-na-nejziniot-horoskopski-znak-02.jpg

Вага – секогаш нуди смирување

Вагите имаат вродено чувство за правда и рамнотежа, што значи дека нивното присуство честопати ќе ве смири во хаотичниот свет во кој живееме.

Ја барате вашата мајка кога се чувствувате непријатно или сте во неизвесност, зашто таа секогаш има одговор и искрени совети.

Скорпија – страшен сојузник

Скорпиите се почитувани и оние кои го почувствувале нивниот „убод“ може и да се плашат од нив. Буквално нема ништо што оваа жена не би направила за да ве заштити или помогне.

Нивната лојалност заедно со нивната храброст се комбинација која ги прави страшни сојузници. Само кажете ѝ на вашата мајка за вашите неволји, па ќе видите колку далеку може да стигне.

Стрелец – најзабавни мајки

Со мајките Стрелци, детството е полно со смеа и спонтани жестоки луди игри. Можеби овие мајки не се секогаш најодговорни или највнимателни, но полни се со љубов, топли се и сочувствителни.

Тие секогаш ви изнудуваат насмевка и ве прават горди личности.

Јарец – одлучна и амбициозна

Одлучноста и амбициозноста на вашата мајка Јарец може да помести планини, а голем дел од таа сила е вложена во вас.

Имате вистинска среќа, освен ако имате цели кои таа не ги смета за „доволно добри“, при што можни се судири.

Сепак, на крај, таа се адаптира на вас и ве води по патот што ќе го одберете. Но, ако работите тргнат наопаку, очекувајте да слушнете „Ти реков јас!“

Водолија – длабоко во себе е многу чувствителна

Па, животот нема да ви биде досаден со мајка Водолија.

Таа е бунтовна, нејзината рационалност и студенило може ќе ве остават „без чести прегратки“, но сепак, длабоко во себе е многу чувствителна, а вие тоа го знаете.

Риби – вашата најдобра пријателка

Мајките риби се имагинативни, наивни, сочувствителни, но и саркастични.

Рибите се променливи, но во срцето се неверојатно заштитнички настроени, а нивната мудрост и неосудувачка природа ги прават одлични мајки, оние кои честопати стануваат најдобри пријатели со своите ќерки.

Вашата врска со мајка ви најверојатно е една од најсилните и најомилените.

М. Ѓ | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...
Хороскопски знаци кои повеќе се приврзани за кучињата, отколку за луѓето Јарците многу често мислат дека другите луѓе може да ги издадат и дека не можат&...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Колку „вистински“ љубови ќе имате во животот, според хороскопскиот знак? Близнаци - По природа се љубопитни и авантуристи и без разлика дали се во врска ...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg