Љубовен хороскоп за февруари 2024: Вага - мислите дека партнерот ве изневерува, Овен - љубоморни испади
Вага
Ако сте во врска
Ќе вложите многу енергија во комуникацијата со партнерот, а сепак нема да бидете задоволни ни вие ни тој.
Можеби треба да си дадете малку оддишка и да се тргнете еден од друг за да сфатите дали треба да ја продолжите врската или не.
Некои Ваги во брак ќе се сомневаат дека партнерот ги изневерува.
Ако сте слободни
Некои Ваги ќе го обноват контактот со некој поранешен партнер, но тоа ќе им внесе немир во животот.
Можеби е подобро да ја прекинете врската пред да се вратите на старите навики и да бидете повторно повредени.
Од следниот месец ве очекуваат поубави денови на љубовен план.
Скорпија
Ако сте во врска
Скорпиите во врска или во брак ќе мора да бидат толерантни кон партнерот.
Избегнувајте расправии, бидејќи, на крајот, сепак ќе мора да попуштите за доброто на сите.
Ако сте во брак, отворено разговарајте со партнерот за финансиските прашања што ве мачат.
Ако сте слободни
Ако во овој период почнете врска, личноста со која ќе се гледате може да биде потенцијален брачен партнер.
Љубовта ќе ви биде на прво место и вие ќе дадете сè од себе врската да ви успее.
Ќе се чувствувате исполнети и среќни, а тоа ќе го забележуваат и луѓето околу вас.
Стрелец
Ако сте во врска
Стрелците во брак ќе имаат проблеми во комуникацијата со партнерот и различни гледишта на неколку ситуации, а тоа ќе доведе до непотребни расправии.
Сепак, ситуацијата ќе се смири во втората половина на месецот, па ќе ви биде полесно.
Некои Стрелци во врска ќе добијат понуда за брак.
Ако сте слободни
Некои Стрелци ќе почнат врска со личност која воопшто не потсетува на нивните поранешни партнери.
Оваа врска може да биде кратка и интензивна, но сепак ќе ви донесе многу задоволство.
Ако сакате да влезете во сериозна врска, ќе треба да почекате до втората половина на 2024-та.
Јарец
Ако сте во врска
Ќе го идеализирате партнерот, но по некое време ќе сфатите дека работите не се онакви какви што ги замислувате.
Ако сте во брак, на прво место ќе ви бидат финансиите, а на второ емоциите и тоа може да предизвика големи караници со партнерот.
Некои Јарци ќе го убедат партнерот да отпатуваат некаде, или ќе почнат да размислуваат за селидба во друг град/држава.
Ако сте слободни
Првата половина од месецот ќе ви донесе многу романтични и љубовни доживувања.
Ова ќе ви го подобри расположението и поради тоа ќе посакате да влезете во сериозна врска.
Некој разговор може да ве поттикне да го кажете на глас дури и она што не сакате да си го признаете самите на себе.
Водолија
Ако сте во врска
Овој месец мора да водите грижа како ќе комуницирате со партнерот, бидејќи можете да бидете погрешно сфатени.
Избегнувајте теми поврзани со брак или заедничко живеење, бидејќи ќе се разочарате од реакцијата на партнерот.
Водолиите во брак ќе поминат убави моменти со партнерот.
Ако сте слободни
Слободните Водолии е можно да запознаат некој нов во текот на овој месец, но нема да се сигурни дали ќе сакаат да започнат врска или не.
Сепак, ќе поминувате повеќе време со таа личност и ќе бидете среќни и задоволни.
Некои од вас ќе мора да решат љубовен проблем од минатото кој и сега не ви дава мир.
Риби
Ако сте во врска
Ако се во брак, можно е да имате грижи поврзани со партнерот или со здравјето на партнерот.
Некои Риби ќе бидат загрижени за иднината на својата врска, но до крајот на месецот работите ќе си дојдат на свое место.
Ако сте слободни
Риби, овој месец не очекувајте ништо ново на љубовен план, колку и да се трудите.
Ѕвездите не ви се наклонети, па затоа не пробувајте со сила да добиете нешто, само ќе се разочарате.
Некои Риби ќе имаат средба со некој од минатото, но само ќе си потврдат дека не згрешиле што ја прекинале врската.
А. Ј. | Црнобело