Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кој метод на штедење ќе биде најефикасен за вас во 2024-та, според хороскопскиот знак?

koj-metod-na-shtedenje-kje-bide-najefikasen-za-vas-vo-2024-spored-horoskopskiot-znak-02.jpg

Вага – Повикајте пријател пред да потрошите пари

Со оглед на тоа што вие сте своеглави, но и избегнувате конфликти, вашиот најдобар начин за штедење е ако најдете пријател кој ќе ве убеди дека трошите неразумна сума пари.

Така, пред да дадете одреден износ пари за нешто што не сте сигурни дека ви е потребно, консултирајте се со пријателите – сигурно лесно ќе ве разубедат дека е подобро таа сума да заврши на вашата штедна сметка.

Скорпија – Држете се до правилото 50/15/5

Според финансиските експерти, 50 отсто од парите што сте ги заработиле треба да се потрошат на неопходни работи, 15 да се стават на штедна сметка и 5 отсто да бидат за итни трошоци.

Останатите 30 отсто се наменети за патувања, нов декор, апарати за домаќинство и слично.

Ако некој може религиозно да се држи до ова правило, тоа е Скорпијата.

Стрелец – Побарајте бесплатен престој или работа како чувар на куќа

Со оглед на тоа што најмногу пари трошите на патувања, добро би било годинава да се потрудите за вашите авантури да најдете бесплатен превоз или, пак, да побарате работа како чувар на нечија куќа.

На овој начин ем ќе успеете да ја задоволите сопствената потреба за патувања, ем ќе заработите нешто.

Јарец – Купувајте на старо

Познати сте по тоа што сакате да купувате скапи работи, но квалитетни.

Добрата работа е што квалитетните работи можете да ги најдете и на старо, по многу помала цена.

Водолија – Вложете во квалитетна опрема во бањата

Познато е дека сакате да живеете под вода и во бањата, па затоа најмногу пари ќе заштедите ако внимавате повеќе на сметките за вода и за струја.

Вложете во квалитетна и енергетски ефикасна опрема во бањата и нема да згрешите.

Риби – Следете ги советите на штедливите луѓе

Вие мошне лесно ги прифаќате советите на другите луѓе, па тоа што ќе почнете да следите повеќе совети од штедливи луѓе на социјалните мрежи ќе ви помогне и вие подобро да си го организирате животот и трошењето.

Исто така, добро би било да ги блокирате оние профили што ве наведуваат на непромислено и импулсивно трошење.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Часот на раѓање ги открива вашите скриени таленти: Дали сте предодредени за лидер или за ѕвезда? Ако сте родени од 08 до 10 часот, вие сте голем љубител на самотијата и не ви се...
Една лага која треба да престанете да си ја кажувате, според хороскопскиот знак Водолија: „Премногу сум различен/а за да се вклопам каде било“. Водолија: „Пр...
Кое небесно тело владее со вашиот хороскопски знак и какви тајни открива за вас? Близнаци, вашиот владетел е Меркур – планетата на комуникацијата, интелектот и р...
Финансиски хороскоп за јануари 2025-та - Кои знаци ќе имаат загуба, а кои ќе се збогатат овој месец? Вага - Ако имате свој бизнис, ова ќе биде тежок месец за вас на финансиски ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg