Кој е вашиот знак во хороскопот на Маите и што кажува за вас?
Верверичка (30 мај – 26 јуни)
Овие луѓе се вреди и експресивни. Секогаш се пријателски настроени со другите, а поради шармот и добрата смисла за хумор, имаат многу пријатели.
Искрени се и не им е проблем да ги споделат нивните чувства, дури и оние негативните.
Само, некогаш можат да бидат импулсивни, особено кога станува збор за финансии.
Желка (27 јуни – 25 јули)
За овие луѓе, партнерот и семејството се најважни, па најмногу уживаат кога се во домот, опкружени со саканите.
Вредни се и никогаш не ги одложуваат обврските. Но, за да бидат ефикасни, важно им е другите да се однесуваат фер кон нив и да не ги притискаат.
Обично се интроверти, но со луѓето кои ги сакаат се мошне отворени.
Лилјак (26 јули – 22 август)
Овие луѓе се харизматични и се родени лидери.
Полни се со енергија, секогаш се ентузијасти, а нивниот цврст карактер се истакнува уште во детството.
Поради големата самодоверба, генерално се успешни и работат на високи позиции.
Со пријателите се мошне добри и искрени, а секогаш се заштитнички настроени кон нивните партнери.
Ја ценат својата слобода и потребна им е независност за да станат најдобрата верзија од себе.
Скорпија (23 август – 19 септември)
Иако станува збор за ист симбол, Скорпијата во хороскопот на Маите е поразлична од онаа во „обичниот“.
Овие луѓе се аналитичари и обрнуваат внимание и на најситните детали.
Сакат да следат правила, ги негуваат традициите и овој начин на живот ги исполнува.
Секогаш се објективни и смирени, па другите луѓе лесно ги прифаќаат.
Кога станува збор за врските – пријателски, романтични, семејни – ја покажуваат љубовта со тоа што им помагаат на саканите.
Елен (20 септември – 17 октомври)
Овие луѓе се мошне чувствителни и креативни, па најчесто се мошне добри уметници.
Сакат да живеат во хармонија и не им е тешко да ги споделуваат нивните чувства со луѓето околу нив.
Можат да бидат одлични заводници кои без проблем ги освојуваат луѓето што им се доаѓаат.
Истовремено, слаткоречиви се и секогаш зрачат со елеганција.
Був (18 октомври – 14 ноември)
Иако се интуитивни и мудри, луѓето со овој знак неретко фантазираат и живеат во свој свет.
Секогаш ги имаат најдобрите совети, а важат и за одлични слушатели. Всушност, тие им се како психолози на нивните сакани.
Имаат изразени емоции кои некогаш можат да им создадат проблеми доколку не ги контролираат.
Дружељубиви се и сакаат да имаат круг на пријатели на кои вистински можат да им веруваат.
Паун (15 ноември – 12 декември)
Овие луѓе сакаат да привлекуваат внимание и неретко имаат висока позиција во општеството.
Трагаат по совршенство во секој аспект од животот и одат до екстреми за да го достигнат.
Истовремено, тие се оригинални и креативни, а можат да ја видат позитивната страна на сè.
Сепак, секогаш се свесни за своите недостатоци и знаат како да ги подобрат.
Спирова С. | Црнобело