Со која техника за манипулација се користи секој хороскопски знак (и како да го разоткриете)?
Близнаци - Благодарение на нивниот шарм, нема ниту да сфатите дека сте се фатиле во нивната замка, а заради слаткоречивоста ќе ве натераат да помислите дека вие сте згрешиле и дека тие не направиле ништо лошо.
Би било идеално кога сите луѓе би имале чисти намери и не би сакале да се служат со нечесни трикови за да ги натераат другите луѓе да прават работи што не ги сакаат, но, за жал, светот во кој што живееме не е таков.
Луѓето честопати се служат со техники на манипулација за да ве натераат да играте по нивно, па воопшто и не размислуваат за последиците и за тоа дали ќе повредат нечии чувства.
Според астролозите, ако се суди според нивните општи карактеристики, секој хороскопски знак има по една техника што му е омилена, и што ја користи за да ве натера да играте по негови правила.
Прочитајте како можете да препознаете кога некој се обидува да ве манипулира, според хороскопот:
Овен
Со оглед на тоа што за Овните сѐ е натпревар, тие сметаат дека не манипулираат никого и ништо, туку само ја користат стратегијата што им е неопходна за да победат.
Според нив, целта ги оправдува средствата и сѐ е дозволено, доколку на тој начин успеваат да ги реализираат сопствените планови, и што е најважно, не чувствуваат грижа на совест заради тоа.
Тие знаат да бидат наметливи и да ги искористат сопствените лидерски способности. Од нив очекувајте закани, обид да ви ја намалат самодовербата и да се покажат дека знаат да доминираат и да ве контролираат во најразлични ситуации.
Бик
Биковите манипулираат за да ги остварат своите желби за стабилност и за да ги истераат работите по свое, па дури и тогаш кога не се во право.
За нив најлесен начин за да ги манипулираат другите е тоа што се обидуваат да наметнат чувство на вина.
Сметаат дека никој не сака да се чувствува дека не успеал нешто да направи и дека ги разочарал другите, па затоа манипулираат со нивното чувство на вина и грижа на совеста.
„Зошто не ја носиш блузата што ти ја купив, знаеш колку пари морав да одвојам за неа?“ – од нив често можете да слушнете реченици од ваков тип, а освен тоа често знаат да се користат и со техники на пасивна агресија, па нема да ви зборуваат сѐ додека не го добијат тоа што го бараат.
Близнаци
Имаат одлична способност за комуникација и имаат голем број информации за сѐ и сешто, па тоа во голема мера им ја олеснува манипулацијата.
Благодарение на нивниот шарм, нема ниту да сфатите дека сте се фатиле во нивната замка, а заради слаткоречивоста ќе ве натераат да помислите дека вие сте згрешиле и дека тие не направиле ништо лошо.
Од Близнаците можете да очекувате извртување на информации, ширење гласини, предизвикување намерна збунетост кај другите луѓе и обид тие да ви ја креираат перцепцијата за светот и луѓето околу вас.
Рак
Емотивни се по природа и ја користат сопствената чувствителност како средство за манипулација.
Очекувајте емоционална манипулација или емотивна уцена за да ве натераат да играте по нивно.
Кога ќе почнат да плачат, може да се случи целосно да заборавите дека претходно сте ги обвиниле за нешто, а дури подоцна да се освестите и да сфатите дека вие сте тие што треба да бидат нервозни и револтирани, а не тие.
Лав
Лавовите се водат од сопствената харизма и потребата да бидат во фокусот на вниманието.
Со оглед на тоа што тоа се работите што ним им се најважни, лесно насетуваат кога некој има потреба за признание и за пофалба, па ќе се користат со шармот и комплиментите за да го постигнат тоа што го сакаат.
Ако им се спротивставите дека ве излажале, ќе ви одговорат дека само се шегувале и дека не можат да поверуваат како сте „паднале“ на нивната шега.
Девица
Сконцентрирани се на деталите и познати се по своето критичко размислување, а ќе ве манипулираат така што секогаш знаат да ги искористат вашите слаби точки.
Ако им се спротивставите за нешто, очекувајте дека ќе ви направат список за сѐ што вие сте згрешиле во изминатиот период.
За Девиците „нападот е најдобра одбрана“, па очекувајте низа критики, искористување на вашите маани и слаби страни за да ве натераат да играте по нивно.