Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак?
Вага
Сѐ што е грдо
Владетел на Вагите е Венера, планетата на љубовта и убавината, па затоа воопшто не зачудува фактот дека сѐ што е грдо брзо им станува одбивно.
Грдите работи за Вагите брзо стануваат предмет на омраза.
На овие луѓе им пречи очигледна асиметрија во нечиј изглед, евтин дизајн на стан, лошо и насилничко однесување, неубави манири, општествена неправда, евтини копии на дизајнерски модели, но и кога некој отворено ќе се конфронтира со нив.
Скорпија
Неискреност, неврзани разговори
Единственото нешто што Скорпијата повеќе мрази од самите лаги е ако не e во можност да препознае кога некој ја лаже.
Имаат силна интуиција, па некогаш дури ви се чини дека знаат да ви ги прочитаат мислите, но вистината е дека тие цел живот очекуваат некој да ги изневери и затоа постојано се сомневаат во туѓите намери.
Тие немаат аверзија кон тоа да разговараат за темни, тешки и длабоки теми, но ги „убивате“ ако од нив барате да водат неврзани разговори.
Стрелец
Наметнати правила
Стрелците имаат отворен ум, сакаат отворено да кажат сè што мислат, па затоа мразат кога некој се обидува да ги натера да играат по нечии правила, да бидат врзани или замолкнати.
Од тие причини тие мразат сè што не им дозволува да бидат целосно слободни.
Уживаат да отпочнат дебата, само за да покажат дека им е дозволено да кажат сè што мислат, па често може да почнат контроверзии само со цел да предизвикаат расправа.
Јарец
Кога некој е слабак, постојано има изговори и поплаки
Тие гордо истакнуваат дека можат да издржат сѐ, па согласно на тоа мразат кога ќе почувствуваат дека имаат некоја слабост, а не ја поднесуваат ниту слабоста на другите луѓе.
Секој Јарец има различна дефиниција за тоа што може да се смета за слабост, а друга работа кон која имаат аверзија се изговорите што другите постојано им ги сервираат. Тие исто така не можат да толерираат да слушаат како некој постојано се жали.
Од нив ќе ги слушнете советите од типот: „Издржи“, „Без мака нема наука“, а тоа што им недостасува на поле емпатија, знаат како да го надополнат со напорна работа и труд.
Водолија
Антиквитети, луѓе што сакаат да се фалат
Нивна цел е постојано да одат напред и да покажат дека можат да ја надминат моменталната состојба. Затоа мразат сѐ што е популарно и јавно прифатено од народот, како религиозни убедувања, политика, популарни брендови и сл.
Тие се заинтересирани за човечката природа, но не сакаат премногу да поминуваат време со луѓето.
Но, тоа не ги спречува да водат јавни дебати во кои се спротивставуваат на секакво вид дискриминација или нееднаквост. Тие се сосема спротивни на Лавовите и како такви, многу мразат луѓе што се самобендисани, што сакаат да се фалат, да се покажуваат кои се.
Како луѓе на кои најважен им е прогресот Водолиите мразат антиквитети и застарени морални и политички правила.
Риби
Ултиматуми и конфронтации
Рибите се луѓе со меко срце што едноставно не знаат како да мразат, сѐ додека не ги присилите да мора да се придржуваат до некоја агенда, рок, очекувања или некоја болна вистина за нив.
Тие ќе бидат гневни и со денови ќе го истураат гневот, ако некој само се осмели да им наметне ултиматум, а знаат да се послужат со „илузионистички“ тактики за да исчезнат и да побегнат од конфронтации.
Б. С. Б. | Црнобело