Денес е последната супермесечина за 2023 - Како ќе влијае врз секој хороскопски знак?
Бик - Повторно ви се враќаат голем број стравови што сте ги потиснувале, па можно е да се чувствувате поемотивни и повознемирени од вообичаено.
Последната супермесечина за 2023-та година ќе изгрее на небото вечерва (29.09) и затоа, ако погледнете, ќе забележите дека природниот сателит на Земјата изгледа поголем од вообичаено.
Оваа супермесечина уште го носи и името „Месечина на жетвата“ затоа што доаѓа набрзо по есенската рамноденица, која годинава беше на 23-ти септември.
Според астролозите, полните месечини се време кога треба да се одмориме, да се ослободиме или да се опуштиме, но со оглед на тоа што оваа супермесечина е во знакот на Овен, може да биде сосема поразлично.
Што може да очекувате оваа супермесечина, според астрологијата?
Овен
Во моментов сте фокусирани само на себе.
На некои луѓе може да им делувате себично, но вие сметате дека го правите само она што е неопходно.
Колку повеќе енергија трошите на другите луѓе и на нивните проблеми, толку потешко ќе го поминете денот.
Сконцентрирајте се само на она што можете да го направите и немојте да се преоптоварувате со обврски.
Бик
Повторно ви се враќаат голем број стравови што сте ги потиснувале, па можно е да се чувствувате поемотивни и повознемирени од вообичаено.
Најдете простор каде ќе се чувствувате безбедно, обидете се да им се спротивставите на стравовите и да ги прифатите – само на тој начин ќе успеете да се справите со сопствената несигурност.
Близнаци
Ќе запознаете поголем број нови луѓе што ќе ви помогнат да напредувате на поле кариера.
Обидете се да бидете опуштени додека го градите пријателството, со цел да оставите позитивен впечаток за себе.
Немојте веднаш да давате премногу информации за себе и своето работење, оставете работите да се развиваат по природен пат.
Рак
Се чувствувате преморени на работното место и како да работите повеќе отколку што можете да издржите, па пред новата супермесечина, можни се конфронтации со претпоставените на работното место.
Обидете се да најдете време за да си го дадете неопходниот одмор и не дозволувајте да ве водат емоциите во носењето конечни одлуки.
Лав
Време е да се ослободите од застарените верувања што веќе немаат никаква смисла.
Можно е да сакате да најдете нови книги или да направите истражување на интернет за некои нови уверувања и учења што ви се чинат поверодостојни, со цел уште повеќе да ги проширите сопствените хоризонти и знаења.
Девица
За време на полните месечини се чувствувате мошне моќно, па ова не е време кога толерирате некој да си поигрува со вас или да ве провоцира.
Ќе им поставите јасни граници на оние што не ви носат никаква корист во животот и коишто не се љубезни кон вас. Нема потреба да се плашите во целост да ги прекинете односите со нив.