Денес е последната супермесечина за 2023 - Како ќе влијае врз секој хороскопски знак?
Вага
Чувствувате дека партнерот има поголема потреба од вас отколку што е вообичаено, па најверојатно ќе се сконцентрирате повеќе на тоа да го направите среќен.
За возврат, сакате да ве цени и да ви го признае трудот, но можно е тоа да не се случи.
Многу е веројатно гласно да го изразите своето незадоволство и да си кажете сѐ што ви лежи на срце.
Скорпија
Имате голем број обврски, но тоа не значи дека не треба да одвоите време за да одморите во мир и спокојство.
Дозволете си да се почестите себеси со нешто што ќе ве направи среќни – масажа, прошетка или опуштање со некоја добра книга.
Освојте време за она што може да ви ја зголеми енергијата и да направи да се чувствувате посамоуверено.
Стрелец
Креативноста ви е на високо ниво, но копнеете да најдете начин како на светот да му ја покажете вашата уметничка страна.
Разговарајте со блиските и обидете се да најдете начин за вашата „уметност“ да го види светлото на денот и да ја споделите со другите.
Реакцијата што ќе ја добиете ќе ви ја зголеми уште повеќе самодовербата.
Јарец
Се чувствувате безбедно и сигурно во кругот на семејството.
Потпрете се на нив, и тие ќе ви дадат утеха во миговите кога се чувствувате несигурно.
Секако, ќе биде добро да ја почувствувате искреноста, топлината, нежноста и безусловната љубов на најблиските.
Водолија
Имате голем број обврски, заради што немате доволно време да им се посветите на луѓето и работите што ги сакате.
Бидете сигурни дека ќе се посветите само на настаните и собиранките што ви се мошне важни, а сѐ друго оставете на пауза додека да добиете пригода за тоа.
Риби
Можно е да имате некои проблеми со финансиите.
Потребно ви е да застанете и да размислите како ги трошите парите и да направите план на кои работи треба повеќе да штедите.
На крај ќе се чувствувате среќни затоа што преземате одговорност за парите.
Б. С. Б. | Црнобело