Која ваша особина луѓето најчесто ја потценуваат, според хороскопот?

Биковите на прв поглед изгледаат мошне крути и бесчувствителни. Но, нивниот изглед ве лаже...

koja-vasha-osobina-lugjeto-najchesto-ja-potcenuvaat-spored-horoskopot-01.jpg

Како се чувствувате кога ќе успеете да им покажете на луѓето дека ве потцениле и дека сте многу повеќе од тоа што тие го мислеле за вас?

Според астролозите, секој хороскопски знак има по една карактеристика што луѓето кај него најчесто ја потценуваат и сметаат дека е на многу пониско ниво од реалноста.

Која ваша карактеристика најчесто е потценета од страна на луѓето што не ве познаваат добро?

Овен – Чувството за морални вредности

Луѓето најчесто не можат да забележат дека Овните имаат мошне високи критериуми кога станува збор за моралните вредности.

Заради нивната импулсивност или инстантната агресија, многумина сметаат дека овие луѓе не знаат да прават разлика меѓу добро и лошо, но бидете сигурни дека тие први ќе застанат во одбрана на личноста на којашто ѝ е нанесена неправда и ќе бараат одговорност.

Токму во таквите мигови, нивните морални вредности се највоочливи.

Бик – Чувствителноста

Иако нивен владетел е планетата на љубовта, Венера, Биковите на прв поглед изгледаат мошне крути и бесчувствителни.

Но, нивниот изглед ве лаже, затоа што луѓето родени во овој знак сметаат дека не треба да ги покажат своите емоции или интимни детали бидејќи лесно можат да бидат злоупотребени.

Тие се мошне самокритични и за нив отворените разговори може да донесат само нестабилност, па додека се обидуваат да се заштитат себеси од несакани повреди, тие не им даваат можност на другите целосно да ги видат или да ги раберат.

Близнаци – Ефикасноста и моќта за убедување

Владетел на Близнаците е Меркур, планетата која се поврзува со комуникацијата, озборувањата и разговорите, па заради тоа, често, преставниците на овој знак изгледаат дефокусирани, збунети и ви се чини дека истовремено работат на сто задачи и ништо не завршуваат до крај.

Сепак, ова се луѓе што се способни да ја поделат својата енергија и на сите задачи да работат истовремено и да ги завршат со подеднаков квалитет.

Во разговорите знаат како суптилно да ги наговорат соработниците и пријателите да ги прифатат нивните ставови, а речиси никој нема ниту поим зошто паднал на нивниот шарм.

Рак – Издржливоста

Важат за мошне чувствителни луѓе кои немаат поим како да се справат со тешките животни ситуации и лесно се откажуваат при првите знаци на притисок.

Но, вистината е дека тие имаат мошне силен инстинкт за преживување и знаат како да се заштитат себеси.

Точно знаат што ги повредува и како да се справат и со најтешките ситуации.

Лав – Колку е тешко да сте на нивно место

Каде и да одат, Лавовите блескаат со својата појава. Па, речиси никој не сфаќа колку е тешко да бидете ѕвездата на секоја забава и собир, но и да станете омилен вработен, пријател, станар во зграда или воопшто личност.

Секој Лав ќе ве дочека со насмевка на лицето, а нема ниту да почувствувате дека внатре во себе се бори со мошне тешки периоди и ситуации.

Најчесто луѓето го потценуваат трудот што Лавовите го вложуваат да за да изгледаат моќно и постојано да останат во фокусот на вниманието.

Девица – Приспособливоста/сексуалната перверзија

Девиците често важат за повлечени ситничари кои се премногу конзервативни и осудувачки настроени, сепак ретко кој забележува дека тоа се луѓе што знаат како да станат подобри, да се адаптираат на средината и брзо да реагираат во моменти на криза.

Ако им дозволите, Девиците ќе ви покажат дека воопшто не се конзервативни, туку само успешно ја кријат сопствената „перверзност“ и имаат мошне несекојдневни стандарди кога станува збор за сексот и интимата.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Колку имате среќа во животот, според хороскопот? Стрелец: Само вам може да ви се случи (и по неколкупати во месецот) да ви понуда...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
Хороскопските знаци рангирани според емотивната стабилност (Скорпиите се цврсти како карпа) Бик – Како типични претставници на земјените знаци, Биковите секогаш се приземни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg