Која е вашата најморничава и најмрачна карактеристика, според хороскопскиот знак?
Вага
Вие сте опседнати со сериски убијци, убиства и разни злодела.
Секако, ова не значи дека сте злобна личност, туку ве интересира каква е психата на најзлобните луѓе и што ги тера да се однесуваат така.
Скорпија
Повремено добивате навистина вознемирувачки мисли. На пример, кога се расправате со некого, за секунда си помислувате што ако го удрите многу силно.
Нормално, не делувате според овие мисли, но одвреме-навреме ви се појавуваат.
Стрелец
Понекогаш не ги чувствувате емоциите што мислите дека треба да ги чувствувате.
Ако, на пример, слушнете некоја многу тажна вест, можно е воопшто да не се растажите, уште помалку да пуштите солза.
Јарец
Вам многу ве интересира дали би можеле да го направите совршеното злодело.
Односно, дали би можеле да украдете огромна сума пари без никој да ве фати и слично.
Секако дека нема да направите никакво злодело, но планирањето на операцијата ви е како ментална вежба.
Водолија
Вие навистина сакате да им помагате на другите, а токму одовде произлегува вашата најморничава карактеристика.
Неретко си замислувате како вашите сакани се соочуваат со трагедии, само за да можете да размислите каков говор за утеха би им одржале во такви моменти.
Риби
Слично како Водолиите, и вие сакате да им помагате на другите.
Па, неретко си замислувате како се нашле во некоја многу опасна ситуација, само за вие да бидете херој и да ги спасите.
Спирова С. | Црнобело