Кои се вашите 3 најтоксични особини според хороскопскиот знак (и како да се справите со нив)?
Риби - Ирационални, премногу чувствителни, постојано некаде летаат... Потребно е да научат дека треба да не ги прифаќаат туѓите емоции како свои за да можат да водат емотивно и ментално стабилен живот.
Иако најчесто сме сконцентрирани на позитивните карактеристики, вистината е дека секој од нас има свои негативни страни, а според астролозите, за тоа во голема мера може да бидат виновни и ѕвездите, односно хороскопскиот знак во којшто сте родени.
Погледнете кои се трите најтоксични карактеристики на секој од хороскопските знаци:
Овен
Избувливи, љубоморни, натпреварувачки настроени
Нивен владетел е Марс, планетата на војната, па затоа воопшто не зачудува тоа што овие луѓе се мошне темпераментни, љубоморни и нетрпеливи.
Честопати имаат променливо расположение, а кога не се чувствуваат добро, тогаш се импулсивни.
Истовремено можат да бидат и страсни лидери и страсни воини.
Ако знаат да ги контролираат, тогаш овие особености може да им бидат од корист, но затоа постојано мора да бидат свесни за сопствените негативни страни и да внимаваат како се однесуваат во различни ситуации за да можат да донесат правилни одлуки.
Бик
Тврдоглави, со ограничени сфаќања, бавни
Сите земјени знаци имаат карактеристика на тврдоглавост, затоа што сметаат дека работите мора да бидат по нивно.
Затоа, им се случува да живеат со застарени идеи и тешко ги прифаќаат новите работи.
Потребно им е да научат да бидат пофлексибилни и поотворено да ги прифаќаат сугестиите од другите за да можат да го извадат максимумот од нивните веќе разработени планови.
Близнаци
Неодговорни, непостојани, импулсивни
Постојано се во потрага по авантура и по нешто ново, по искуства што ја задоволуваат нивната интелигенција и хуманост, па затоа носат и импулсивни одлуки.
Честопати тешко се справуваат со одговорности и стануваат анксиозни, па мора да бидат свесни за сопствените емоции за да можат да се соочат со нив.
Потребно им е да најдат партнер или пријател што нема да биде љубоморен, туку практичен и стабилен за да може да ги држи на земја во миговите кога ќе сакаат да „одлетаат“.
Рак
Со променливо расположение, посесивни и постојано се бранат
Тие постојано се борат со турбулентни емоции, па заради тоа некогаш може да станат депресивни и да се повлечат од блиските луѓе.
Затоа Раковите мора да бидат постојано свесни за тоа што ги предизвикува нивните негативни емоции и да не дозволат работите да излезат од контрола.
Добро е кога имаат со кого да споделат и да си ја олеснат болката на душата.
Лав
Премногу драматизираат, егоистични се и сакаат сè да контролираат
Како крал на Зодијакот, Лавот сака сите конци да ги држи во своите раце и постојано да има контрола, па често им се случува да преземат одговорност и за работи коишто воопшто не ги засегаат.
Тие се страсни и мотивирани луѓе, па честопати не можат да сфатат зошто некои луѓе сакаат да живеат мирен и повлечен живот. Во такви ситуации тие често си даваат за цел да ги извадат таквите луѓе во центарот на вниманието, по секоја цена.
Девица
Постојано критикуваат, нервозни се и избувливи
Со нивната склоност кон детали и перфекционизам, тие се мошне ефективни луѓе. Важат за приземни личности, со строги, конзервативни ставови кои истовремено се трудољубиви и добро организирани.
Но, лошата страна им е што знаат премногу да размислуваат, да се грижат, па заради тоа да станат анксиозни.
Премногу се внимателни и секогаш прво размислуваат за сите негативни последици што би можеле да им се случат, па потоа прават детални планови. Потребно е да прифатат дека не може работите секогаш да одат како што сакаат тие и треба да бидат поопуштени.