Љубовен хороскоп за август 2023: Овни – ќе се жртвувате за саканата личност, Ракови – го наведувате партнерот на неверство

ljuboven-horoskop-za-avgust-2023-ovni-afera-so-nekoj-pomlad-rakovi-go-naveduvate-partnerot-na-neverstvo-02.jpg

Вага

Ако сте во врска:

Ако започнете некоја афера или паралелна врска, треба да бидете особено внимателни, тајните да не излезат на виделина, па да станете предмет за озборување. Оние што се во сериозна и стабилна врска можно е со партнерот да почнат да кројат планови за заминување и преселба во странство.

Ако сте слободни:

Колку повеќе патувате, толку е поголема веројатноста да најдете некоја личност што ќе биде вашата сродна душа. Единствено треба да се ослободите од сопствените сомнежи и да имате малку повеќе доверба во луѓето што ви се додворуваат, па ќе сфатите дека имате можност да започнете врска за каква што другите сонуваат.

Скорпија

Ако сте во врска:

Ќе бидете склони кон флертување и авантури со луѓето што ги среќавате на забавите и дружбите со пријателите, но не и со партнерот, па можни се проблеми во врската. Август ви носи повеќе расправии и конфликти во врската или брачниот живот затоа што не покажувате некој особен интерес за партнерот и се оддалечувате.

Ако сте слободни:

Многу е веројатно да се вљубите во некоја личност што јасно ќе ви даде до знаење дека не е заинтересирана за вас, или пак во некоја што е во сериозна врска. Тоа нема да ве спречи да бидете упорни и понатаму да се трудите да го освоите нивното срце, затоа што, пред сѐ, овој месец ќе уживате во освојувањето и флертот.

Стрелец

Ако сте во врска:

Нагласено сте емотивни и на моменти ќе имате чувства дека партнерот си поигрува со вас, но не избрзувајте со реакции, размислете добро што се случува. Во втората половина од месецот ќе имате можност да ги поправите грешките во односот и да постигнете поголема хармонија во врската.

Ако сте слободни:

Можно е да ви се додворува некоја личност за која сте немале високо мислење до неодамна. Останува отворено прашањето дали ќе одлучите да ѝ дадете шанса на личноста што во минатото ве „излудувала“. Можно е да започнете врска со некоја личност што не е целосно слободна, а некои претставници на знакот ќе се двоумат помеѓу две слични личности и ќе барате совет од пријателите.  

Јарец

Ако сте во врска:

Партнерот не може да ве разубеди да отстапите од одлуките, дури и кога знаете дека тоа е за ваше добро. Вашата принципелност може да ви создаде проблеми, па затоа од љубовните проблеми ќе бегате така што ќе се посветите на кариерата и работата.

Обидете се да не носите избрзани и радикални одлуки за раскинување на врската – ситуацијата ќе се среди, само потребно е да бидете потрпеливи.

Ако сте слободни:

Помладите претставници на знакот се мошне пребирливи за тоа каков треба да биде партнерот, но може да се случи некоја ненадејна средба што во целост ќе им ги промени ставовите за љубовта. Некој што ви се додворува ќе ви приреди романтична вечера, а на неговиот шарм тешко ќе можете да одолеете.

Водолија

Ако сте во врска:

Најверојатно сте во врска со личност што постојано е тука за вас и ве поддржува во што и да правите, но тоа не значи дека сѐ е во ред со вас. Некои помлади претставници на знакот можно е носталгично да се навраќаат на сеќавањата на старата љубов, а други пак да бидат изненадени од некоја средба по која ќе почнат да се двоумат дали се во врска со вистинската личност.

Ако сте слободни:

Иако на почетокот на месецот ќе делувате незаинтересирано, во втората половина ќе бидете подготвени максимално да се ангажирате за да го подобрите сопствениот љубовен живот. Сепак, сѐ ќе се сведе на флертување, забава и авантури, а само ретки претставници на знакот ќе имаат можност да започнат сериозна врска.

Риби

Ако сте во врска:

Во првата половина од месецот можно е да одлучите да заминете на патување со партнерот, а да се вратите со идеја да се посветите на купување недвижност или да го преуредите домот.

Втората половина од месецот ви носи проблеми заради недовербата и љубомората што нема да се трудите да ја скриете, ниту вие, ниту партнерот.

Ако сте слободни:

Некоја ненадејна средба може да прерасне во убава љубовна приказна. Некои машки претставници на знакот на крајот на месецот може да очекуваат непристоен предлог од личност што не е слободна и ќе треба да бидат внимателни за да не си создадат непотребни главоболки.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за ноември 2024: Ракови - токсична личност од минатото ќе сака да ви се врати во жи... Бикови: Можно е работите да станат сериозни, па да ја официјализирате љубовта со...
Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Љубовен хороскоп за септември 2024: Водолии – ако сте во долга врска, можна е свршувачка Љубовните проблеми на Биковите ќе станат поизразени, додека Близнаците ќе уживаа...
Љубовен хороскоп за јуни 2024: Јарци – Ќе бегате од партнерот, Водолии – Минатото ве прогонува Рак – Јуни ќе ви донесе целосен пресврт на љубовен план и ќе ви стане јасно дека...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Љубовен хороскоп за февруари 2024: Вага - мислите дека партнерот ве изневерува, Овен - љубоморни исп... Скорпија - Ако овој месец влезете во нова врска, личноста со која ќе почнете да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg