Како се однесува секој хороскопски знак кога ќе се најде во засрамувачка ситуација?
Вага - никому не му кажуваат ништо, но кога ќе стигнат дома, во својата глава повторно ја „премотуваат“ истата ситуација и се чувствуваат уште полошо.
Не е важно колку години имате, каков ви е карактерот или колку сте софистицирани – може лесно да се најдете во ситуација кога ќе се засрамите. Некои луѓе почнуваат да се смеат на своја сметка, други сакаат да пропаднат во земја.
Астролозите тврдат дека првата реакција кога ќе се засрамите, најмногу зависи од хороскопскиот знак.
Па, како реагирате вие?
Овен
Овните се во состојба да одат од човек до човек и да ги молат да не раскажуваат наоколу за нивниот срам. Да можат, би пропаднале во земја.
Бик
Биковите ќе се изнасмеат, како тоа да е најзабавната работа на светот. И многу често ќе ја прераскажуваат истата приказна во друштво, шегувајќи се на своја сметка.
Близнаци
Во прв момент Близнаците ќе сакаат да се скријат во некоја дупка. Но, кога ќе им помине срамот, низ смеа ќе ја раскажуваат случката дури и на непознати луѓе.
Рак
Раковите ќе се обидат да ја сочуваат за себе секоја срамна ситуација во која се нашле. А бидејќи нема да ја споделат со никого, најчесто плачат од мака кога се сами.
Лав
Бидејќи сакаат да се во центарот на вниманието, на Лавовите не им пречи ни ако се засрамат пред сите. Важно е сите погледи да бидат вперени кон нив.
Девица
За сè размислуваат долго и темелно, па и за ова. Ако се засрамат, Девиците ќе размислуваат за сите можни сценарија за никогаш повеќе да не се најдат во истата ситуација.