4 хороскопски знаци кои си ја планираат свадбата уште додека се сингл
Близнаците сакаат однапред да имаат испланирано сè, вклучувајќи ја и нивната свадба, бидејќи се презафатени личности и кога ќе дојде ред да се венчаат, знаат дека ќе немаат многу време.
Некои луѓе почнуваат да размислуваат за нивната свадба дури кога ќе го сретнат вистинскиот партнер.
Од друга страна, некои сонуваат за својата венчавка уште од детството.
Хороскопски знаци кои си ја имаат испланирано свадбата уште пред да го најдат вистинскиот партнер:
Бик
Биковите знаат што сакаат и нивните желби секогаш се многу специфични.
Кога станува збор за нивната свадба, декорациите не се само декорации, мезето не е само мезе.
Тие се убедени дека знаат што точно сакаат и нивните гости, па не оставаат ништо на случајноста, дури ни најмалите детали.
Внимателно ја избираат храната којашто ќе се служи и ја пробуваат секоја состојка. Истото важи и за пијалаците.
Биковите се пребирливи кога станува збор за врски, но се уште попребирливи кога треба да го организираат мигот кога ќе се заколнат на вечна љубов.
Поради ова, потајно си ја планираат свадбата уште пред да го најдат вистинскиот партнер.
Близнаци
Близнаците сакаат однапред да имаат испланирано сè, вклучувајќи ја и нивната свадба, бидејќи се презафатени личности.
Мораат да бидат 11 чекори пред сите бидејќи мразат непредвидливи ситуации.
Дури и ако не планираат да се венчаат во наредните две, три, па и пет години, Близнаците сметаат дека е добро да имаат некаков план за свадбата (за секој случај).
Можеби немаат точен датум, но знаат во кој месец ќе биде свадбата, знаат како ќе изгледа целата прослава, а најверојатно го имаат испланирано и менито.
А, кога ќе ја сретнат вистинската личност, сигурно ќе им биде благодарна што речиси сè ќе биде подготвено за свадбата.
Лав
Лавовите се ѕвездата на секоја забава, па нормално дека ќе се надминат себеси на нивната свадба.
Тие се свесни дека кога ќе дојде време да прават свадба, ќе имаат огромна листа со обврски. Затоа, сакаат да испланираат што е можно повеќе работи однапред.
Дури и кога уште се сингл, Лавовите знаат кого ќе поканат, знаат како сакаат да изгледаат декорациите, а сериозно размислуваат и за музиката.
Лавовите се свесни и дека свадбата ќе биде огромна, па почнуваат да штедат долго пред да бидат подготвени за брак.
Скорпија
Кога станува збор за вистинскиот партнер, Скорпиите можат да се премислат многупати.
Но, кога е свадбата во прашање, знаат што точно сакаат и не си го менуваат мислењето за ниту еден детаљ.
Знаат како ќе изгледа целата свадба, знаат кои ќе бидат гостите и знаат што ќе им послужат.
Скорпиите сакаат интимна венчавка која ќе биде само за нив и партнерот.
Не планираат да канат далечни роднини што ги виделе само еднаш во животот и знаат дека свадбата ќе биде мала.
Но затоа, пак, ќе посветат посебно внимание на секоја ситница.
Спирова С. | Црнобело