Како најлесно да заштедите пари, според хороскопскиот знак?

Бикови, вие сметате дека луксузот не е привилегија, туку право на секој човек, па неретко купувате скапи работи (кои не ви требаат). За да успеете да заштедите нешто, почекајте неколку денови пред да купите нешто – во повеќето случаи ќе се премислите.

kako-najlesno-da-zashtedite-pari-spored-horoskopskiot-znak-01.jpg

Кога ќе видиме нешто што навистина ни се допаѓа, повеќето сме во искушение да потрошиме пари и од нашата заштеда.

Додека нема ништо лошо во тоа да го правиме ова повремено, кога ќе премине во навика, може да биде причина за сериозни финансиски проблеми.

Па, како најлесно да заштедите, според хороскопскиот знак?

Овен

Вие сте импулсивни. Па, секојпат кога ќе ви пуштат плата сте во вистинско искушение да ја потрошите речиси цела.

Иако додека трошите можеби се чувствувате добро, кога ќе се вратите во реалноста, ви станува јасно дека сте си создале непотребен проблем.

За да го избегнете ова, веднаш штом ќе ја добиете платата, покријте ги основните трошоци, како сметки и кирија, и купете ги работите во домот што ви требаат.

Добро би било да отворите и сметка за штедење и откако ќе добиете плата веднаш да ставите мал дел од парите на неа.

На овој начин нема да бидете во искушение да ги потрошите.

Бик

Вие уживате во убавите работи. Според вас, луксузот не е привилегија, туку право на секој човек.

Сепак, некогаш овој начин на размислување може да ви создаде финансиски проблеми.

За колку-толку да ги избегнете, не брзајте со купување скапи работи. Односно, ако сакате нешто скапо, не го купувајте веднаш, туку дајте си време за размислување.

Во повеќето случаи, по 3-4 дена ќе сфатите дека тоа нешто не ви е неопходно и нема да го купите.

Ако станува збор за нешто навистина скапо, почекајте и еден месец пред да одлучите дали навистина треба да го купите.

Близнаци

Вие сте друштвена личност која сака да излегува, а токму ова не ви дозволува да заштедите пари.

Половина плата ја трошите на пијачки и јадење по ресторани.

Но, за да заштедите не мора да го жртвувате социјалниот живот.

Едноставно, избирајте поевтини опции за социјализација – прошетка, пикник и слично.

Рак

Вие сте зависни од онлајн купување и кога имате проблеми со пари, генерално ова е и причината.

Сите знаеме колку е лесно да се купува онлајн, најмногу бидејќи немаме ни претстава колку пари сме истрошиле.

Па, ако имате проблеми со штедење, заборавете на онлајн купувањето и секогаш кога има можност, одете во продавница да го купите она што ви треба.

Лав

За да почнете да штедите, треба само малку да си ја промените стратегијата.

Бидејќи сте личност со големо его, наместо „заштеда“, оваа сума викајте ја „пари за мене“. Бидејќи, и навистина е за вас.

Па, кога ќе добиете плата, прво одвојте пари за себе и тргнете ги настрана.

Девица

Како личност која е експерт за организирање, вие најлесно ќе заштедите ако водите сметка за сите ваши трошоци.

Направете си табела со сите ваши трошоци и поделете ги по категории. На пример – сметки, храна, домаќинство…

Кога ќе имате јасен преглед каде ви одат парите, многу полесно ќе се контролирате и полесно ќе заштедите.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Кој метод на штедење ќе биде најефикасен за вас во 2024-та, според хороскопскиот знак? Девиците ќе заштедат така што ќе научат нови вештини, а Скорпиите треба да се др...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Хороскопски знаци на кои им треба време и многу лоши искуства за да сфатат каков партнер им треба Риби - Сакате да ја почувствувате искрата на љубовта, па иако ве боли да ги отфр...
Една работа со која несвесно си ја саботирате среќата во љубовта, според хороскопскиот знак Близнаци, вашата неодлучност ви создава многу проблеми, особено кога станува збо...
Кој нордиски бог ве опишува најдобро, според хороскопскиот знак? Близнаци, вие сте најслични со итриот Локи. Како него, вие сте непредвидливи и б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg