Една негативна карактеристика на секој хороскопски знак заради која врската со него станува неподнослива
Скорпија - Во оној миг кога партнерот ќе се замори од постојани мозочни игри, постојани препукувања и неосновани обвиненија за неверство, Скорпиите остануваат сами. Но, ако им раскинете или им го скршите срцето, бидете подготвени дека ќе ви се одмаздат на најлош можен начин.
Сте направиле сѐ што е во ваша моќ за да ја одржите врската, но сепак, повторно се соочувате со раскинување.
Додека голем број од нас сакаат да се залажуваат и да веруваат дека проблемот не е во нас, сепак, според астролозите, секој хороскопски знак има по една негативна карактеристика заради која најчесто добива „корпа“ и заради која е вистински кошмар да се биде во врска со него.
Овен
Овните најчесто се брзи и темпераментни со вродена потреба за постојана возбуда и адреналин. Заради ова, тие најчесто се добри спортисти, сценски изведувачи, или вработени во спасувачки служби, но кога сте во врска со нив, знаат да бидат мошне напорни.
Сакаат постојано да се расправаат со партнерот, затоа што така ја искажуваат љубовта, а кога ќе ги замолите да зборуваат потивко, ќе ви речат дека не сте слушнале што е викање.
Откако ќе раскинат, тие се упорни во тоа да покажат дека сѐ во ред, па може да очекувате дека ќе блескаат повеќе од вообичаено.
Бик
Секој што бил во врска со Бик знае дека со претставниците на овој хороскопски знак е многу тешко да се најде компромис: за финансиите, изборот на мебел, храната, лојалноста и за сите други прашања во врската.
Кога се уверени дека се во право, Биковите не се извинуваат, и никогаш немаат намера да се променат, без разлика на тоа што се свесни дека понекогаш е потребно да го направат тоа.
Иако се многу тешки за заеднички живот, Биковите ретко добиваат „корпа“ затоа што најчесто се добри готвачи, а и сексот со нив честопати е незаборавен.
Близнаци
Оставаат впечаток на мошне нестабилни луѓе, па заради тоа најчесто партнерите им раскинуваат. Партнерот речиси никогаш не знае на што е со Близнаците, заради што дури и ако се работи за емотивно зрела личност, почнуваат да се чувствуваат несигурно.
Кога не знаете дали личноста со која што сте во врска навистина ве сака, лесно можете да почнете да барате друга личност што ќе ги задоволи вашите потреби.
Врската со Близнаците честопати може да биде возбудлива, но тие понекогаш обожаваат да го иритираат партнерот, до степен на тоа што тој може да избувне и да стави крај на врската.
Рак
Раковите не знаат како јасно и гласно да ги кажат своите потреби и очекувања во врската, а најчесто пасивно агресивно му се одмаздуваат на партнерот затоа што не знае да „ги предвиди“ нивните барања.
Наместо да разговара, Ракот со часови ќе седи во еден агол намуртен.
Сепак, имајте предвид дека тоа се мошне емотивни луѓе што знаат да сакаат длабоко, па секое раскинување им паѓа тешко и потоа им треба долго време за да се помират со фактот дека не успеале да ја сочуваат врската.
Лав
Имаат постојана потреба за внимание, признание, комплименти и нежности од партнерот, а кога тој не ги третира како „божество“ стануваат намуртени и повлечени.
Да бидете во врска со Лав, тоа значи во исто време да се однесувате како да сте им родител, најголем обожавател и слуга што треба да им ги заврши сите обврски – па понекогаш партнерот брзо се заситува од нив и му пречи тоа што треба да прави сѐ за нив, но да остане во сенка.
Лавовите најчесто остануваат сами во оној миг кога нивниот партнер ќе сфати дека не сака да им ги завршува сите задачи и дека енергијата би можел да ја насочи кон себеси и кон остварување на сопствените соништа.
Девица
Не му се допаѓа секому наместо партнер до себе постојано да има животен тренер.
Девиците се чудни: ориентирани кон детали и педантни, а сите критики што му ги упатуваат на партнерот се со цел да му помогнат да стане најдобрата верзија од себеси.
Кога сте во врска со Девица, можете да очекувате дека ќе ви креира план за исхрана (за кој не се преговара), да имате заеднички список на цели и веќе да има предвидено решение за секој тип на конфликтна ситуација со којашто би можеле да се соочите.
Со Девиците најчесто раскинуваат луѓето на кои им треба постојано некој да ги опсипува со нежности и да им покаже колку ги сака, затоа што понекогаш е напорно да се биде во врска со некој што постојано е подготвен за критики.