Една причина зошто секој хороскопски знак ви ги игнорира пораките
Вага
Вагите се неодлучни, размислуваат што ќе речат другите, па затоа го мерат секој збор пред да ја пратат пораката. И токму затоа им треба долго време да состават порака и обично ги оставаат луѓето да чекаат одговор.
Скорпија
Скорпиите се интровертни и ја ценат својата осаменост. Па, ако им пратите порака додека читаат, не очекувајте одговор во следните неколку часа – нивниот телефон веројатно не е ни вклучен.
Тие се најчесто фокусирани на тоа што го прават во моментот, па не се заинтересирани за ништо и никој друг.
Стрелец
Стрелците се обично премногу зафатени за да ги прочитаат сите пораки. Тие секогаш прават нешто забавно и возбудливо и затоа им остануваат многу непрочитани пораки.
Не се лутат ни кога околината им префрла дека се незаинтересирани, тие, едноставно, живеат во својот свет.
Јарец
Јарците се неверојатно организирани и одговорни, но поверојатно дека ќе одговорат на порака од нивниот професор или шеф, отколку на љубовна порака.
Тие не сакаат да губат време на несериозни работи и за нив пишувањето пораки е само губење време.
Водолија
Водолиите не сакаат одговорност. Ако ја игнорираат вашата порака, веројатно работат на нешто што сметаат дека им е многу поважно. Затоа веројатно и нема да им пречи да ве остават да ги чекате да ви одговорат.
Тоа ќе се случи дури откако ќе се ослободат од моменталните обврски.
Риби
Рибите живеат со главата во облаци и нивните очи се ретко фокусирани на екранот на телефонот. Тие поголемиот дел од времето го поминуваат во мечтаење, па затоа може да им падне тешко да ви одговорат на приватната порака.
А бидејќи се многу чувствителни, веројатно ќе потрошат повеќе време да ја анализираат секоја порака што ќе ја добијат, отколку да размислуваат што да ви одговорат.
А. Ј. | Црнобело