Една причина зошто секој хороскопски знак ви ги игнорира пораките
Овните нема да ви вратат веднаш ако не сте им приоритет, Стрелците го оставаат телефонот и не се заморуваат дали некој им пратил порака...
Секој човек има причина зошто веднаш не одговара на некоја порака. Некогаш е презафатен во моментот кога ќе ја добие пораката, другпат не одговара намерно за да остави впечаток на тешко достапна личност, а понекогаш, едноставно, затоа што не сте му приоритет.
Но, астролозите велат дека некогаш влијание има и хороскопскиот знак и дека секој различно реагира кога ќе добие порака, особено од некој што (не) му се допаѓа.
Прочитајте зошто хороскопските знаци не ви враќаат веднаш на пораките.
Овен
Овните обично немаат проблем да одговорат веднаш на секоја порака, па ако ги нема да ви вратат, најверојатно не сте им приоритет. Или, едноставно, прават нешто што сметаат дека е поважно отколку да се фокусираат на вас.
Ако вашата порака не е итна, не гледаат причина да го прекинуваат својот мир.
Бик
Биковите не сакат луѓето да ги чекаат, па најчесто одговараат веднаш на секоја порака. Но, има моменти кога ќе ги фати мрза, па тогаш се во состојба и намерно да го изгубат мобилниот телефон само за да не им пречи.
Ако телефонот им остане во другата соба, може да поминат и неколку часа пред да го погледнат.
Близнаци
Близнаците се нерешителни и многу сакаат да одолговлекуваат, па кога ќе се спојат тие две работи, тогаш е навистина тешко да ги натерате да ви вратат на пораката. А и кога ќе почнете да се допишувате, можно е да чекате да ви вратат и по неколку минути, бидејќи најверојатно разговараат со неколку луѓе во исто време додека комуницираат и со вас.
Рак
Најчесто Раковите одговараат веднаш на пораките, но во ретки случаи може да ве остават да чекате и со часови.
Ако не добиете одговор веднаш, тогаш најверојатно Ракот размислува што да ви врати или се труди да ја протолкува вашата порака на секој можен начин. Исто така, ако не ви одговорат веднаш, тоа е затоа што се психички исцрпени.
Лав
Ако Лавот не ви врати веднаш на пораката, тоа е најверојатно затоа што разговорот со вас не му е возбудлив или интересен. Исто како и Биковите, и Лавовите не праќаат порака ако немаат што да кажат.
Девица
Девиците нема веднаш да одговорат на вашата порака ако работат нешто. Тие се добри во пишувањето пораки, но обично се фокусирани на тоа што го прават во моментот, па може и да ве заборават.
Ако пораката им стигне додека се посветени на работата, го игнорираат нивниот социјален живот.