Учесничка на Х-фактор се обесила поради пари?
Една од учесничките на американскиот Х-фактор и членка на групата GRL пронајдена е мртва минатиот викенд во својот стан.
Од полицијата објавиле дека пејачката се самоубила со тоа што се обесила, а ниту на пријателите, ниту на семејството не им е јасно зошто го направила тоа.
Била на чекор од тоа да стане голема ѕвезда со оглед на тоа што нејзиниот сингл „Ugly heart“, владеел на топ листите во изминатите недели.
Се појавиле приказни за тоа дека не била задоволна со парите и дека имала многу финансиски проблеми.
Нејзиниот татко Антони тврди дека неговата ќерка никогаш не покажувала знаци на депресија но дека за себе говорела дека има невидлив хендикеп.