Шок: Илма која беше фаворит на сите аудиции го напушти „Х-фактор“

Во големото финале на музичкото шоу „Х-фактор“ директно влегоа Даниел, Лукијан, Тамара и „Доктори“.

sok-ilma-koja-bese-favorit-na-site-audicii-go-napusti-x-faktor-01

Во дуелот, песни за спас пееја Маид Хеќимовиќ и Илма Карахмет. Од предложените песни, публиката по пат на гласање можеше да им ги избере песните за спас.

Во дуелот прв настапи Маид со песната „Odiseja“, а втора беше Илма со песната „Korake ti znam“ .

Дури и Маид беше изненаден што се најде во дуел со Илма, бидејќи според него таа имала најдобар настап.

Жељко изјави со сигурност дека Илма пее најдобро од сите натпреварувачи во „Х-фактор“, но сигурен е и дека ова се 5-те минути на Маид.

Кики Лесендриќ, како нејзин ментор сметаше дека Илма го покажала вистинскиот Х-фактор на ова шоу.

Со оглед на одличниот талент на двајцата, Кристина како единствена причина за заминувањето на Илма го наведе тоа што е премлада.

Во тоа се сложи и Емина, која сметаше дека двајцата се огромни таленти, но Илма има уште многу време пред себе, а на Маид ова може да му биде последен воз, последна шанса за да започне кариера.

Со оглед на гласовите од жирито, каде освен нејзиниот ментор, сите останати одлучија Маид да остане, Илма беше последна која го напушти шоуто пред големото финале и покрај тоа што постојано беше еден од најголемите фаворити.

Погледнете го настапот на Илма:

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg